Јас..
Јас, поет,
Јас, уште еден змиски јазик,
Јас, санта која го потопи титаник,
Јас, опасност за себе,
Јас, опасност за тебе,
Јас, убав збор,
Јас, ретардиран говор,
Јас, надоврзан текст,
Јас, перверзен секс,
Јас, залутана фигура во ноќта,
Јас, непотребен,
Јас, чудовиште на овој век,
Јас, напуштен со солзи,
Јас, неисполнето ветување,
Јас, сини крилја,
Јас, болка која не може да се напише,
Јас, ја уморив меланхолијата,
Јас, без никого во свет меѓу луѓе,
Јас, сонда на лагата,
Јас, опиум на тагата,
Јас, лице кое не го паметат,
Јас, чудни очи,
Јас, силувач на доцните часови,
Јас, милји од гревови,
Јас, неславно раѓање,
Јас, разочарување,
Јас, плач,
Јас, изгубениот брат,
Јас, дете,
Јас, продавач на билети во театарот на сонот,
Јас, гради полни со темни облаци,
Јас, дожд врз безбојни лица,
Јас, мајмунолик човек сокриен во студениот ќош од пештерата,
Јас, камшикот на лудилото истурен врз грбот на водопадите,
Јас, жеден за крв,
Јас, револвер и куршум полн со гнев,
Јас, убиецот на оваа парче земја,
Јас...