Ваша поезија

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Нов ден

Утро се раѓа,нов ден на видик.
Отворени очи,а пред нас како
црвен тепих за свечен дочек
се распослал животот.
Околу нас,драги луѓе со погледи мили.
Нејасни прашања со избледена важност.
Што се случи?
Беше ли сон,
блиското минато?
Беше ли илузија повикот на иднината?
Робови ли бевме на сопствените нереални желби?
Занесени во очекувања за ново,недофатно,нереално,
не го приметуваме пустошот кој го создаваме
околу нас.
Слепи и заспани за мигот бевме.
Ова утро се има своја смисла,
па и црната орхидејата која не цвета
на прозорот од кујната.
Ова утро се раѓаме повторно,
но наместо плач овојпат,
со усни кои маѓепсуваат насмевка,
со сјај и јасност како виножито прелеани во очите.
Присутни и будни.
Пријателе,ти благодарам.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Не остана ниту пепел од нас,
од што би останал,
огану, каде беше?
Со студот жолт кој поспано се протега наутро,
стиховите бледеа до исчезнување,
расположено си чекорам кон секојдневноста,
кон едноставноста,
никој не ме допира,
со никој не суплементирам,
еден монолог,
два дијалога,
монета во џебот,
во другиот расположен лик,
некаде љубов умира,
јас хармонија,
каде беше досега?
 
Последна промена од модератор:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти се нудам ноќва,
го дарувам моето тело,
ја купувам нашата страст,
се насмевнуваш,
се насмевнувам,
замижувам да не те исплашам,
да не се сокријам,
срамам,
можеш да го насликаш тој миг,
да го овековиш ѓаволскиот сит,
не можеш да го слушнеш мојот внатрешен крик,
со рубин усни ми го пиеш духот,
ја голтам суровоста не мислејќи на неа,
толку си безбожна,
ноќва е трагична,
таа засекогаш загубена,
за кого живеам,
кого посакувам,
твојата суета ја задоволувам,
парадоксот го насликувам,
доблеста ја омаловажувам,
кон исконска љубов тежнеам,
плодовите на свирепоста ги жнеам,
ноќва сум господар на страста,
утрото голтар на љубовта.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Поради Лена,
погрешно ме прочита Магдалена,
јас навистина немам потреба,
ниту од Лена,
ниту од Магдалена,
јас имам потреба од игра на зборови,
што претпочита Магдалена,
а ги користи Лена,
мислам дека бев јасен,
а можеби и досаден.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Незнајнику
сопатнику,
сродно душо моја.
Мојата градина е затворена
со железни врати заклучена,
во неа само една птица пее.
Една птица
од мене засекогаш ослободена.
Во раните зори со денот се буди,
со опоен глас срце ми нуди,
опива со зборови неми,
илјада воздишки мои таа плени.
Последното светло неа ја гали,
во ноќта ѕвездено небо за мене пали.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Овој замор ме убива,
на срцето испишува,
во мелодија гладна,
за прегратка жална,
во ноќ за тебе света,
за мене клета,
во стих изопачен,
во строфа закачен,
изобличен,
циничен,
засекогаш недовршен.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Нова епоха започна,
зли духови погреба,
ова е ново доба,
се прашувам до кога,
снежно бела достоинствена,
полна со вистина,
сите сме нови,
искрени,
со бистри очи погледнати,
со благословен оган изгаснати,
чисти,
благословени,
тивки,
да траеме вечно,
да се восхитуваме течно,
ние сме,
тоа сме,
да не се враќаме.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Prashina

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Слатка омраза како отров се шири.
На почетокот,еден чекор од тебе,
со остар поглед би те прободела
длабоко во душата.
Мојата дланка би оставила
црвен отисок на твоето лице.
За потоа..
да се насмевнам мило,ангелски и со ѕвонлив
тивок
шепот да признаам..
Вистина говориш,
посилно од мене е.
Го губам својот Бог,
овој миг..
Се препуштам на орото самовилско.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти си ангел крив,
изгубена симетрија,
погледни ме низ оштри стакла,
ќе видиш бездна,
ќе видиш беда,
те чекам,
те нема,
те посакувам,
те изневерувам,
мој си бог,
во вртлог строг,
препушти се,
удави се,
во грев,
во очај,
во срж од жал,
во безсон кал.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Шарена песна

Сина недела.
Две црвени свеќи на масата,
запалени
во име на љубовта,надежта и верата.
Букет од ефтини рози со прелив од милион
бои во
стаклен сад,навестува внимание.
Во ќошот,на црно-бел ормар,
жолта светлина
го најавува пристигањето на темно сината ноќ.
Шарен мозаик со овековечени
спомени на ѕидот.
Зелен шал со исплетени нишки
на сокриени чувства.
Сина недела,
духот е мирен и срцето полно со љубов.
Мојот поглед,твој предизвик,
моето тело,твој немир.
Моето срце,твоја неосвоена тврдина.
Мојата душа,твој мир.
Кои ли се боите на љубовта?