Убавина во ништото
Обид да коментирам убавина
пред себе,
но повторно фалат зборови.
Сите така безлични и обични.
Ширум отворени паравани
во мракот на собата,оцртуваат
парче небо кое ѕирка низ прозорецот,
ведро и чисто.
Темно сина племенита
боја,веќе одамна невидена.
Над контурите на покривите
звуци допираат од
оркестарот на ноќта.
Ѕвездите гордо диригирани од
студената ноќ блескаат во фустани од радост.
Срце кое весело ракоплеска на убавината
во ништото.
Театарска сцена со среќен крај
предосеќам.
Љубовта ќе победи!
Знам,не се лажам.
Го слушнав срцето како шепоти.
Обид да коментирам убавина
пред себе,
но повторно фалат зборови.
Сите така безлични и обични.
Ширум отворени паравани
во мракот на собата,оцртуваат
парче небо кое ѕирка низ прозорецот,
ведро и чисто.
Темно сина племенита
боја,веќе одамна невидена.
Над контурите на покривите
звуци допираат од
оркестарот на ноќта.
Ѕвездите гордо диригирани од
студената ноќ блескаат во фустани од радост.
Срце кое весело ракоплеска на убавината
во ништото.
Театарска сцена со среќен крај
предосеќам.
Љубовта ќе победи!
Знам,не се лажам.
Го слушнав срцето како шепоти.