Вкочанет од убодот на првата љубов,првиот поглед се будам во непозната земја.Земјата на скршените соништа.Првиот поглед беше магичен и трагичен.Чекорам по непознатата земја,непознати лица,убијци на љубовта.
Уф колку е тажно овде!
Скршени срца и погледи шетаат наоколу....Само јас сум човек.Несовршен облик на живот...Се друго е бескрајно и апстракно....
Што барам овде?
Колку само болеше чувството на изгубеност во просторот,во таа апстракна земја на изгубените и скршените.Сеуште чекорам и полека ги перцепирам непознатите чувства кои шетаат наоколу....изгубени и сами....
Зошто сте сами?-Ги прашувам.
Никој ништо не одговара...Само замислено шетаат наоколу....
Јас,осамен и сам,човек од крв и месо чекорам по непознатото...
Земја на скршени соништа....
Љубовта се вееше наоколу-не онаа права и вистинска љубов туку изгубената,убиената и непознатата љубов.
Се изгледаше чудно и непознато додека наеднаш едно скршено срце не ме запре и не ми кажа некои работи што сакав одамна да ги знам.
Во оваа земја-рече тaa се е чудно и непознато,но сите кои се тука знаат зошто се тука.Ова е како затвор-рече повторно скршеното срце.Тука доаѓаат убијци на соништа,сериски самоубијци на љубовта....
Се заврте и си отиде.
Јас стоев долго во едноколорните облици на чувства,стоев и размислував за речениците што ми беа кажени претходно.
Почнав пак да истражувам...
Одново и одново....
Пред мене се појави сина боја.Бојата на небото,на бескрајот и длабочината,бојата на човечката мудрост...
А во мојата глава се испревртија милиони чувства познати за мене,се вртеа се додека не се формираа очите на ангелот...Очи со сина боја...
Скокнав во синилото на нејзините очи,потонав длабоко....
Паѓав....тонев....се повеќе и повеќе....ме обземаше чувство на неисцрпност и убавина...вечност....мир.....загубени во безвременското минато...
Се сретнав со најголемите човечки богатства-фантазијата,љубопитноста,мудроста.Ги запрашав за нивниот живот во земјата на скршените соништа.Секое од овие богатства велеше различно од другото,но во целина се беше исто..
Чисто и едноставно...
Патувавме со брзината на светлината,разговаравме,ги откривав неоткриените тајни сонував....
А Марија стоеше далеку од мене,јас не бев во нејзините очи,зашто нејзините очи не беа сини.Јас бев во очите на друга девојка,бев загубен во неповратливиот правец...
А таа сеуште стоеше далеку.Стоеше и плачеше....Јас патував...
Наеднаш се исчезна...Исчезна патувањето,исчезнаа најголемите човечки богатства,исчезнаа сините очи...
Се завртев наоколу и ги видов само скршените соништа,скршените срца,убиената љубов....
Сфатив дека човечкиот живот е само мал дел од непознатото.Смислата на човековото постоење не треба да ја бараме во самите нас туку надвор од нас,зошто смислата на постоењето губи од своето значење ако ја бараме во самиот човек.
Посветено до тие сино-зелени очи. Моите-твои очи. 20.11.2007 година