Моја прва поема 1999 година
Мојата душа
Каква е оваа душа која во мене умира,
Дали е тоа товар од минатото кој ме измачува,
Колку е студена и заборавена,
Глува соната како магла спуштена,
Не знае да плаче,
Не знае среќна да биде,
Згрбавен роб кој во каменоломот вие,
Не знае со луѓето да се однесува,
Никого за одговор не прашува
Цвет во мисла надежна,
Со трња исткаена,
Брод натоварен со вистина
Филигран заринкан во прашина,
Часовите се веќе нанижани,
Со црни облаци прекриени,
Спокој кој иднината го нуди,
Мир во кој никој нема да може да и суди.
Мојата душа
Каква е оваа душа која во мене умира,
Дали е тоа товар од минатото кој ме измачува,
Колку е студена и заборавена,
Глува соната како магла спуштена,
Не знае да плаче,
Не знае среќна да биде,
Згрбавен роб кој во каменоломот вие,
Не знае со луѓето да се однесува,
Никого за одговор не прашува
Цвет во мисла надежна,
Со трња исткаена,
Брод натоварен со вистина
Филигран заринкан во прашина,
Часовите се веќе нанижани,
Со црни облаци прекриени,
Спокој кој иднината го нуди,
Мир во кој никој нема да може да и суди.
Последна промена од модератор: