Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Потребен ми е пријател,
новороден,
без мајка,
без татко,
очи на бескрајни предели во кои птиците понираат слободно,
душа заробена во бакнежот на небото и сонцето,
црна крв во која пливаат ѕвездите,
допир во кој умираат илјадници тажни души,
срце на џиновски часовник кој ја отчукува бескрајноста.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina, Lena and Scars

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Дом

Ја доби битката која ја водеше.
Се роди чувство дека не припаѓа овде.
Посака да си оди дома.
Каде беше тоа?
Каде беше местото кое можеше да го нарече свој дом?
Ниедно место на светот не беше доволно
примамливо за да може да се нарече дом.
Посака да излезе од себе,
од тоа тело налик на затвор и да си
оди..
Битката беше лажна илузија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Небото е?
Црвено или сино,
небото е влажно,
бојата е света,
графити намачкани од разнобојни ангели,
а сега душата е тивка,
жедна за болка,
нестрашна мисла,
а јас и ти како земјата и крвта.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
За мојот сопатник Лена..


Ја исполни вечерта,
која ќе беше секојдневна и едноставна,
твоето присуство ме залепи врз ѕидот на чувството,
чувство на бакнеж кој се роди вечно да гори во минатото,
не е важна друга сцена,
ниту улога,
жив сакам да бидам за тебе,
да го заборавам вкусот на животот,
и никогаш да не воскреснам после тој миг.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
За него.................
Што ли беше?
Љубов или привидение?
Јаве или сон?
Вистина или лага?
Што и да беше -
беше СЕ.
Беше трепет на душа,
безконечна мисла
исткаена во мојот ум,
еден допир на вечност
укотвен во срце,
мирис на минато
што желби разгорува,
само миг кој со светлосна брзина заминува.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Оваа ноќ, овој живот кој живее сега, оваа заталкана мисла, за сите нас и вас,
сите кои спиете, или липате, или сте будни во непослушно присуство на природата,
не се плашете, не бидете очајни ,таа е создадена за вас да ги испроба вашите движења и дејствија, за мене тоа е интересно колку и да е непристојно,
јас сум најверојатно погрешен повеќе од вас, многу повеќе од колку што можете да претпоставите или да извадите еден обичен епилог на грешниот човек,
нема и не постои ниедно суштество кое може да ве осуди,
само еден, и тој е вистинскиот, неговота воља е таа која не може да се занeмари, простува верувајте, исто како кога простувате на најблискиот,
колку и да посакувате, запомнете дека вие, ние и јас сме само актери на космичката сцена создадена за вас, нас,
и јас сум јас, претпочитам да бидам со вас,
јас и не сакам да бидам нешто повеќе,
и не е важно кој сте,
сите сме исто градени, да не траеме вечно, да се покоруваме на убавината,
да дишеме заеднички од овој кислород потребен за да можеме да создаваме,
можеби постојат премногу зла на овој свет, но јас познавам многу ангели кои ја оддржуваат рамнотежата на оваа планета,
ете уште една непобедена вистина,
сега и во овoј момент,
и не се надевам во наредните неколку дни дека тоа ќе биде погрешно,
точно и едноставно е да се движите со крилјата на хорот кој ја изведува слободата,
и тоа во нашиот бар од оваа светлечка галаксија,
љубовта и ова човештво е перфектна дисторзија на која и самиот бог е воодушевен,
уште постоиме,
се чувствувам гордо,поради него,вас и себе.
ете едно чувство кое не може да се занемари.
 
Последна промена од модератор:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
За мене...

Спаси ме,
Плачам без солзи,
Се смеам без радост,
Лажам со вистини,
Се тешам со лаги,
Умирам среќно,
Живеам тажно,
Љубов,
Оков,
Сокол,
Во срцето кол,
Поздрави ме,
Дојди и спаси ме.
 
Последна промена од модератор:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Погледни ме како го парафразирам сонцето,
Во неговата топла тишина,
Во неговата боја на виното,
Во мојот облик на главата,
Во мојот во,
Во средината на мојот сон,
Во орото мое тешко еден тон,
Ги отворам очите да го погледнам,
и повторно ги затворам да го погледнам,
измеѓу волшебство,
сосем доволно,
да верувам во еден свет.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Lena

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Сонувај сончевини, небесни височини,
сонувај ти и јас од пепел издигнати
сонувај пребродија од сите небиднини,
сонувај морски длабочини и хоризонти
со нови раѓања без снеможувања и паѓања.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Maja..


И сега сум повторно во твојата лулка,
и сега перото силно втиснува во твоја чест,
спокој и безгрижност,
нежност,
растеше и сега си поинаква,
минатото ги заспа непотребните,
светлина веќе не ти е потребна,
ме заслепуваш со зракот од свеќата до сонцето,
а рацете кои те градат се мудри и безмилосни,
се создаде за да потсетиш на
свежата роса врз усните на жедните цвеќиња.
 
Последна промена од модератор: