Тој
Додека цврсто го држам мечот заривајќи
го во разгневените
срца на пламените ѕверови
на смртта,
тој молкум
ме следи скриен во светлината на ноќта.
Додека летам низ волшебните долини
на животот,
тој молчи и ме прати.
Ми влева страв од кој треперам
водејќи ме во непознатото.
Со светлината која го обвива ги сее
семињата на љубовта во мене.
Го разбирам јазикот кој го говори
без да прошепоти ниту еден збор.
Го чувствувам во ништото
на постоењето.
Во молкот на ветрот.
Тој е се.И ништо не е.
Тоа е тој,
кој ме следи низ темните сокаци на душата.
Ме напојува со храброст себично чувајќи ја вистината
и ме остава сама да го пробивам
патот до портите на рајот.
Тој е ништо.
И тој е се.
.........................
Додека цврсто го држам мечот заривајќи
го во разгневените
срца на пламените ѕверови
на смртта,
тој молкум
ме следи скриен во светлината на ноќта.
Додека летам низ волшебните долини
на животот,
тој молчи и ме прати.
Ми влева страв од кој треперам
водејќи ме во непознатото.
Со светлината која го обвива ги сее
семињата на љубовта во мене.
Го разбирам јазикот кој го говори
без да прошепоти ниту еден збор.
Го чувствувам во ништото
на постоењето.
Во молкот на ветрот.
Тој е се.И ништо не е.
Тоа е тој,
кој ме следи низ темните сокаци на душата.
Ме напојува со храброст себично чувајќи ја вистината
и ме остава сама да го пробивам
патот до портите на рајот.
Тој е ништо.
И тој е се.
.........................