Не припаѓаш
Ти си самец,
не припаѓаш тука.
Твоите мисли, делувања, уметност,
се нешта кои не и одговараат
на толпата.
Твојата индивидуалност
не е акцептирана.
Не припаѓа.
Се што правиш,
се што кажуваш
се става на златната вага
на Јустиција..
И се анализира
од сите ќошиња и страни..
Заклучок:
Не припаѓаш.
Ќе биде направено да припаѓаш,
на начин на кој се ќе биде изменето.
Секој збор, секое дело.
Не припаѓаш,
што си тоа ти..
Не припаѓаш,
што твојот живот ти припаѓа тебе..
Не припаѓаш...
Ти не си како јас,
не припаѓаш..
Ти не си како тие таму,
не припаѓаш...
Ти имаш свои соништа,
не припаѓаш..
Погледни!
Тие го прават вистинското,
така требаш и ти.
Твоите соништа се нереални,
твоите цели недофатни.
Не припаѓаш.
Ти си непокорен не ги исполнуваш
критериите на општеството,
не припаѓаш.
И дека си првокласна верзија
на самиот себе,
а не ефтина копија на некој друг,
не припаѓаш.
И никогаш нема да припаѓаш.