Ваша поезија

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,691
3,871
1,183
I think I'm happy
Mostly happy
On a green autumn day

I'm walking lazy
Barely moving
Settle out and fade away

Seems life is something more
Than a journey with no end
I just wanna lose it all
And find myself again

I'm on my own
I'm on my own

I don't need a conscience
To tell me how I feel
I don't need this weary eyes
To focus on what to conceal

I don't need anybody
To tell me who I am
Blaming on the broken heart
I'm falling apart again
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Приказна за ноќта и утрото, месечината и изгрејсонцето и нивното значење, и потребата за искажување преку стихови.


Постојано сум нервозна, изгубена во конфузија
Ноќта ме држи силно во нејзината илузија
Премногу е долга
Месечината е единствената која ја знае целата моја болка
На темно небо ја остава секоја нејзина солза
Трепка и светка со скриена мистична полза
Тука си горе! Се осеќам сигурно кога секоја вечер
Кон небото фрлам поглед, се ќе биде во ред!
Сега се осеќам тажно
Пореметено и мрачно, се наоѓам на работ од плачот
Но утре е нов ден
Нова шанса за нов обид да го решам секој мој проблем, и мал и голем
Обожавам утро, ми дава ветувачко чувство
Дека ќе стекнам подобро животно искуство
Затоа сакам да седам мирно низ прозор да гледам
Изгрејсонце, единственото нешто што не сакам да го сменам
На оваа планета
Единственото нешто што постои, а целосно не ми смета
Прекрасна глетка
Е кога градот спие во 5 ипол наутро
Го посматрам јас будно и сфаќам би било сосема залудно
Да дозволам да поминуваат прекрасни глетки
Без мене, моменти среќни иако се премногу ретки
Некои непрашани прерано умираат
Тие ја немаат таа среќа да можат да бираат
Одведени против нивна воља, сликата е боља
Кога е црно бела а ти и додаваш боја
Затоа седам и чекам да дојде новата зора
Да ми даде сила да можам да продолжам да се борам
Мојата терапија е листот на кој творам
Не познавам поинаков начин на живот, така морам
Така само можам низ конфузија и нервоза
Да поминам низ ноќта и потребна ми е барем мала доза
На стихови и ко да паѓам под хипноза
Го чувствувам погледот на месечината на моја кожа
Тука си горе! Се осеќам сигурно кога секоја вечер
Кон небото фрлам поглед, се ќе биде во ред!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Сликата

Сликата во глава,
како визија ме следи...

Безозлезна темнина, се е црно,
пропаѓам и врискам..
Молитва!
Очаен повик за помош,
како јагне изгубено само,
пред гладната уста на волкот,
се борам за светлина,
за живот..

И во мигот на хаос,
лудило и ментална криза..
Ангел, ми подава рака
со насмевка мила....

Сликата...
Поминувам со црната боја
по платното бело.
Секој потег- сопствено чувство
Секој потег- болка..
Основата црна..
Ангелот златен во прекрасни бои облиен..
Зрачи во црнилата со своите животни нијанси...
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,691
3,871
1,183
Осамени сме и маски ставаме, се преправаме
тажни сме, изгубени во ова сиво лудило
глумиме дека искрени и среќни ние сме
чекориме, мислејки напред ние во место стоиме
и ако помислиш на среќа ти за миг:

Погледни ме, прегрни ме во овој миг разбуди се
разбери ме и сфати ме, јас сум тука за тебе
Избриши ги деновите кога несреќни се будевме
растргнати, расплакани, еден на друг непознати

Дали е ова лудо време виновно за се?
Очекувам ти да ме разбудиш и да ме освестиш
и да помислам на среќа јас за миг:

Погледни ме, прегрни ме во овој миг разбуди се
разбери ме и сфати ме, јас сум тука за тебе.
Избриши ги деновите кога несреќни се будевме
растргнати, расплакани, еден на друг непознати.

Се надевам дека се е само уште еден сон
И едвај чекам ова да се заврши.
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Ако нема солза не лицето мое,
никогаш и не била солза,
било море,
море на пролеани емоции,
море, а не солза..
Сега ги нема,
ни солзата, ни морето...
Сега има насмевка,
која била длабоко скриена во душата.
А што е со среќата?
Одамна ја нема
и покрај се`она убаво што се случува...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Верувам

Од твоите чувства пропратено
се до границите на твојот копнеж;
Дај ми заштита..

Измеѓу нештата расни како оган,
нивните сенки сокриени
ме покриваат целосно..

Остави се да ти се случи:
Убавина и страв..

Ние мора да одиме:
Ниедно чувство не е чудно.
Немој да одиш од мене,
блиску е земјата
наречена Живот..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Љубовта кон тебе е мртва,
ти демону со налик на ангел..

Исчезна.
Се изгуби некаде во зборовите кои убиваат.
Во делата кои ветуваат болка..

Ја барам..
Талкам во себе барајќи и најмал знак на љубов..
Но нема..
Изворот е сув.
Љубовта скршена..
На милион парченца..
Очаен обид за составување
на тие парченца љубов...
Не се доволни.. Премалку се..
И полека, полека се губат..
Во зборовите кои уништуваат..

Чинам пропаѓам..
Сакам да вриштам.
Залудно е се..
Не успеав да те заситам со љубов нели?
Бараш уште?
Бараш уште од мене?

Веќе немам што да ти дадам..
Се ми зема.. Се што имав ти дадов..
И не беше доволно нели?
И не е доволно?
Никогаш нема да биде доволно.
Празна сум, немам ништо во себе..
Само желбата за живот..
Далеку од тебе и овој демонски град..
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ќе..


Ќе те сакам секогаш,
како што полињата ја сакаат пролетта.

Ќе живеам во тебе,
како што цвеќињата живеат во сончевите зраци.

Ќе го пеам твоето име,
како што долините го пренесуваат
ехото на селските ѕвона.

Ќе ги наслушувам приказните на твојата душа,
како што брегот ја слуша песната на океанот.

Ќе дозволам твојата љубов да ме осветли,
како што месечината свети во ноќта.

Ќе те љубам
како што никогаш не сум љубела до сега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Photographer

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Земи ме

Ветрот кој дува ја милува кожава..
Чинам,
ме допираш по секој дел од телово.
Се обвиваш околу мене.
Ме прегрнуваш.
Ми шепотиш..те сакам мила..
Нежно и неприметно,
ствараш илјада бранови,
кои ме носат.
Се губам.
Се губам во времето и просторот.
Се губам во тебе.
Чинам,ме бакнуваш..
Вратот... Рамената..
Елегантно со стил,
ме соголиваш дел по дел..
Го допираш моето срце.
Ги допираш моите гради..
Слушни!
Тоа чука само за тебе..
Бакнежи страсни.
Пламен во мене.
Со брзина на светлината се претвара во оган,
со потреба за експлозија..
Како вулкан избива.
Дозволи ми да те љубам.
Љуби ме.
Те посакувам.
Земи ме..
Да! Земи ме,
се предавам така страствено на твоите допири.
Чинам се топам..како снегулка во твоите дланки..
Го чувствувам твоето тело.
Воздишки и возбуда.
Телата..скулптура на љубовта.
Земи ме.. ти шепотам тивко..
Земи ме,ветре и води ме таму.
Таму далеку во земјата на чудата.