Бришење на Фејсбук пријатели

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Инаку, да одговорам и на темата:
Правам повремено чистки, и тргам луѓе што воопшто не ги познавам (ни од форум, да речеш :D), или со кои немам никаква комуникација. А, да, и луѓе што тупат и спамираат со политика, слепо протнувајќи ги своите партиски или опозициски ставови. -.-
Така што, be afraid... Be VERY afraid... :zelen
 

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Јас не бришам пријатели, затоа што не прифаќам луѓе кои не ги знам лично и со кои не се дружам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nord Celt

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Пријатели ич не бришам,али кога ќе ми дојде женската на гости и ако начека фејсбукот уклучен,почнува да ги брише сите сомнителни девојчиња што ми пишеле,демек наводно ми се удварале :mad:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
како што вели самиот наслов, колку често ја вршите оваа функцијата,
зошто ја правите (тоес што ве наведува своето штотуку стекнато пријателче да го бришете, или пак некое старо пријателство да го окончате на тој начин со бришење)-Неретко и после секој еден прекин на врска интересно е што веднаш се брише Пријателот во овој случај (партнерот/рката).
повелете со Вашите размислувања на оваа тема
интересно е што на интернет наидов на интернационален ден на бришење на пријатели :giggle
http://365.com.mk/42271/den-brisenje-fejsbuk-prijateli
Во последно време позачестено поради спамирање ја подзачистувам листата. Искрено досеа не сум прифатил некој кој не го знам лично или пак не ми се претставил, но т.н. мртви профили (оние кои се злоупотребени исклучиво за спам и ништо друго) без око да ми трепне ги бришам, па колку сака нека кукаат после тоа зошто и како. Едноставно не сакам кога ќе отворам ФБ на News feed да глеам шабанерија од побарувачки за апликации, „пиши ми во пп и ќе ги кажам што мислам“, „ Ова е .!. - стави го на твојот статус и ќе станеш еднорог“ и такви мити избљувотини од копи пејст скрипти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Јас никогаш немам избришено некој и тие шо ги имам ги знам кои е шо се одприлика, најчесто мене ме бришат :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Пред еден месец избришав 100 пријатели. Цццц све живо и диво сум прифаќала.|-(
Ко ќе имам малце послободно време уште еднаш ќе разгледам кои ми се пријатели ако има уште некој сомнителен профил да се избрише.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Пријатели ич не бришам,али кога ќе ми дојде женската на гости и ако начека фејсбукот уклучен,почнува да ги брише сите сомнителни девојчиња што ми пишеле,демек наводно ми се удварале :mad:
Еден совет вон темава- среди си ја девојката и врската со тоа, не верувам дека со таква посесивност ќе терате долго.
Он топик:
Јас имам скромни 200 и кусур пријатели на фејсбук. Имав 400, ама ги испобришав сите со кои се гледав еднаш годишно. Потоа следеше уште една чистка со тие со кои си имам едно срамжливо здраво, а едвај името им го знам. Дојдов до 170, ама во последно време ми се зголемија.
Избришав многу играчи, односно замарачи со тие покани за игри.
Избришав и такви кои цел живот им се врти околу фејсбук и им фали уште слика од гомното да стават.
Најмерачки ги избришав тие партиските. Несакајќи бев известувана за секој еден, е**н митинг, небитно од која партија.