Е тука грешиш. Не е потребно некому да му влегувам во профил, да го психоанализирам, да трошам додатно време за секој негов пост да осгатнувам дали е спам или не. Едноставно, тие се појавуваат во News feed и статистички 90% од статусите ако ми се качуваат на живци со секојдневните дебилни фрази, со барање на рандом апликации, лајк4иња, тантур4иња и такви мити неологизми, бришам без да речам А.Вие што бришете неактивни, досадни, оние што ви делуваат грди, непознати итн, мора да имате многу слободно време за да прочешлате низ секој профил и да видите кој каков е.
Освен ако не ви е поради приватност...I have bad news for you.
Мене ми треба многу да ми зоврие за да избришам некого.
Не као сега јас славната, па ќе прифаќам секој можен, ќе ги оставам да се восхитуваат на мојата убавина, да ми настегаат лајкчиња, па после моето Височество ќе фати да ги брише зошто не биле достојни да ми стојат на листа. Ма, ни ме занима кој е неактивен, ни ме занима да правам селекција само оние што ги познавам да стојат, ниту пак да вршам некоја класификација овие се убави, оние не се, па ајде, бриши, зошто, иако ретко одам на фб, сметам дека доволно знам да проценам какви да прифатам, па еднаш штом сум прифатила, чуму бришење, освен ако не се покаже ептен некоја бизарна и безобразна фаца.
Сал, сепак само фејсбук е. Едно од низата онлајн збиралишта за различна маса, кое имало среќа да стане најпопуларно.
Секој си има право што сака да си прави со профилот, тие ќе пишат дебилизми, други ќе ги бришат поради тоа, ок.
Едноставно, од моја гледна точка сметам дека сајт полн со клатикурци, голи пилиштарци, љубавни голубичи и инбокс афери, партиски пиунчиња, квази сарказми и фармвил зависници, не заслужува некакво посебно внимание.
Можеби дека сите мои подобри пријатели ми се блиску, немаат или не го користат фејсбукот активно, па затоа сум со олд фешнд технологија звана телефонски повик и сè додека не сум лично инволвирана, за тие 5 минути што пролистам, не ме тангира кој кај се тагнал, кој е у врска, кој постигнал нов левел на фармвил и остало.
Но имајќи во предвид колкава улога игра во модерниов начин на живот, ќе си молчам.
Всушност неговата првична намена никогаш и не беше за дружење туку за мерење на егото. Некои тоа го правеа/прават директно, другите индиректно. МСН-от имаше похумана цел и поголема сличност со дружбата. Оние кои идеа по директна постапка на полнење на егото, најчесто го деактивираа профилот. Оние кои знаат да се контролираат и не постираат све и свашта колку да бидат завележани, знаат да направат дистинкција помеѓу виртуелниот и реалниот живот.интересно е што во последно време се појавува нов тренд на гасење на фесјбук профили, што значи дека со тек на време фб ќе го изгуби своето значење кое го имаше во почеток а тоа беше дружењето.
Од лајкови, фото сесии ко за плајбој, политички агитации веќе преку глава ни е