1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Брак помеѓу личности со различни религиозни убедувања

Дискусија во форумот 'Семејство' започната од TheKitten, 24 април 2013.

  1. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Нормално дека и било тешко и за другите.
    Но го земав сега тоа како пример само со фамилијата.
    Тој и да не го сакал тоа, морал да го прави.
    Филмот што го направи Анџелина Џолие за војната во Босна раскажува таква сторија.
    Хрватски официр се вљубува во муслиманска девојка кратко пред почетокот на војната.
    Со почетокот на војната почнуваат и проблемите.
    Ја штитеше колку можеше за на крајот да ја убие.
    Тоа е филм, но е базиран на вистински приказни.
    Не верував додека не ги слушнав сите тие животни приказни на моите пријателки.
    Жалосно, но вистинито.
     
  2. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Е кому ова да го кажеш?
    НА оној што имаше профит од војната и ги потпалуваше емоционално и верски оние затуцаните, или пак затуцаните?

    Во секој случај, лесно е да зборам во мое име дека мене не ми менува многу тоа, но ела кажи им го на оние кои општествено верски се ограничени и не прифаќаат ништо освен нивната пан-теократија.
     
    На Anakin, Ночной охотник и Lena им се допаѓа ова.
  3. radioactive

    radioactive Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 април 2013
    Мислења:
    54
    Допаѓања:
    39
    Хмм зависи, не се имам најдено во слична ситуација, а кога би се нашла тогаш сум апсолутно сигурна (знејќи ги своите родители) дека би морала да одбирам помеѓу родителите или партнерот, а тоа е тешка одлука.
     
  4. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,576
    Немојте со тоа ’’мајка ми ристијанка, татко ми атеист’’. Најголемиот отпор е меѓу христијани и муслимани. И двајцата да се атеисти но ако изрснале во средина со различна религија, паќ ќе има отпор. Секоја религија и одредена религиска средина си креира свој ментален склоп. Тоа ти е исто ко два компјутера, на едниот инсталирано Виндоус, на другиот Линукс. Еве мене Вордов поради што ми е од 2003 не сака да ми отвори док. од Ворд 2007. Така и со религиите. Пречката ќе се надмине доколку менталниот склоп се изедначи, т.е. доколку и муслиманот се издигне на нивото на христијанинот. Не би да навредам, но мусливе ептен се конзервативни и инфантилни. Секој ден сум со брачава на факс, имаат по 22 год. а се понашаат ко недораснати. Комуникацијата пак машко-женско им е ко да се на почеток на пубертет. Секако постојат исклучоци...познавам и муслимани кои не се затуцани у религија и имаат посовремени сваќања (претежно тие се израснати со македонци) као бошњаци, торбеши или албанци од Битола и сл...но кај нив средината дава отпор...еве девојка ми има другарка албанка од БТ, девојчето е израснато со македонци, но за дечко неалбанец нема шанси ... некад религијата не е толку важна колку што е сваќањата и традиците од таа религија...Има многу атеисти, но тие пак се венчаваат во храм, слават празници, одат на слави итн...мислам дека за време на СФРЈ имало повеќе мешани бракови поради што системот бил атеистички и мнозинството живеело без да има допир со религијата во секојдневниот живот, а и била потиснувана религијата и поради тоа на народот менталниот склоп бил колку толку на исто ниво...сега има предрасуди и у вези антички-комуњари а камоли помеџу религии...
     
    На Luckky, TheKitten, Martin_MKD и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    Не би се оженил со муслиманка а особено со албанка то никако иако односите Македонци-Албанци во мојот град се на многу добро ниво имам другари Албанци и се супер па тие не ни зборат албански пошто незнат оти такво е општеството во Битола, инаку не ми смета некој друг близок да се ожени ако сака нема ништо да спорам или да му велам не едноставно ќе го прифатам најнормално ама лично јас никогаш не би се оженел со Муслиманка.
     
  6. TheKitten

    TheKitten Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    549
    Допаѓања:
    628
    Супер, само муслиман не е националност. Just saying :)
     
    На Arkantos и Ночной охотник им се допаѓа ова.
  7. TheKitten

    TheKitten Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    549
    Допаѓања:
    628
    И јас имам исто не познаници, блиски семејни пријатели.
    Кај мене дома живееа во тој период, додека добијат документи ,,за отаде барата,,.
    Ако сум со некого и имам деца со тој некој, тешко дека војна и идеали би не раздвоиле. Треба многу повеќе од тоа.
    А ако тој некој се дрзне да почне да пука по мојот народ, тогаш да.
    Ама малце треба ,,к*р да го боли,, и за мене и за децата, за да го направи тоа :)

    Конкретно овие кај мене, беа жена бошњакиња и маж србин.
     
  8. TheKitten

    TheKitten Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    549
    Допаѓања:
    628
    Голема е разликата врска-брак.
    Го имам гледано филмот, а тој ја уби затоа што таа го предаде :)
    Прво, самата ситуација во филмот е многу различна него нормална ситуација или брак од пред војната.
    Во филмот таа е заложник, не е дека баш од предходно беа заедно или дека беа во брак :)
     
  9. TheKitten

    TheKitten Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    549
    Допаѓања:
    628
    Мортидо, тие ,,атеистичкорисјански,, бракови се посебна приказна, но животот на верник со атеист е далеку од едноставен. Посебно ако атеистот не сака да прифати ,,храмови,,.
    Јас сум на мислење дека христијанин и муслиман полесно ќе се разберат и ќе ,,слават се,, отколку атеист и која било религија.
    Од старт се во подобра позиција муслиманот и христијанот, се согласуваат дека постои бог. Атеистот од страна им вика дај бе опрајте се :)

    Овие двајца први, ќе слават се. Со вториов, ако си стои на ставовите, тешко дека било што ќе слават.
    Башка, возможно е венчавање и во црква и во џамија, би си нашле некаков компромис.
     
  10. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Нели се запознаа пред да почне војната те на вечерта кога пукна првата бомба.
    И тек после стана таа заложник.
    Читав околу филмската сторија и на прес конференцијата кажуваше Џоли дека вистински приказни( најдени во записи и архиви)
    ја инспирирале да го направи филмот.


    А во случајот горе зборував за мајка муслиманка на моја најдобра другарка.
    Нејзини пријателки го имаат доживеано истото.
    Не мора да значи дека на сите им се случило тоа,
    но мене ми падна тој пример во глава затоа што жената ми го кажуваше тоа.
    Едноставно ме допре таа приказна.
    Маж и пукал на луѓе од нејзината фамилија
    ( после тоа и отишол психички).
    Дека е кретен јасно ми е,
    но карактеристиките ќе ги оставиме на страна.
    Факт е дека се има случувано.
     

Сподели: