Брак помеѓу личности со различни религиозни убедувања | Црнобело Форум

Брак помеѓу личности со различни религиозни убедувања

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Темата намерно ја отворам во Дом и Семејство, а не Религија, би сакала да подискутираме околу традиционалните и емотивните аспекти, не да заглавиме во цитати од Библија/Куран/Тора итн.

Живеењето во мултиетничка и мултирелигиозна средина е факт на живеењето во РМ, а и општо скоро секаде во светот.
Во некои земји прашањето за религија на партнерите не се ни поставува, некаде пак, е и пресудно.
Што вие мислите за ваквите ,,мешани,, бракови?
Дали би стапиле во брак со некој од различна религија?
Дали ви е воопшто важна религијата како фактор во вашето однесување и живот?
И секако, допишете се што не сум прашала, а сметате дека треба да биде кажано на темата :)

Мојот став - малку подоцна :)
 
radioactive

Истакнат Член
14 април 2013
54
39
118
Живееме во едно глупаво традиционално општество исполнето со безброј предрасуди, така да таквите бракови би биле гледани од поинаков агол од поголемиот прој лица или едноставно кажано бидејќи народот е прост членовите на ваквите бракови би биле покажани со прст.

Што се однесува до мене, да би стапила во таков брак доколку се наоѓам надвор од границите на Балканот и тоа не поради себе туку поради своите родители не би стапила во брак тука.

Барем за луѓе како мене не е важна. И со религија и без религија би била истата личност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and TheKitten

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,311
1,941
1,133
Љубовта победува се’ нели?
Мислам дека тоа е она најважното...
Резигиозните убедувања можат да се надминат и да се направи компромис околу нив...Познавам многу бракови во моето опкружување кои се токму такви - мешани, а некои од нив ми се многу блиски...
Еве да тргнам од моите родители мајка ми христијанка, татко ми атеист ...сепак е мешан брак...Мој другар е од Хрватска и е католик а неговата сопруга е христијанка православна, па си најдоа заеднички јазик па сите празници си ги слават два пати :)
На моите најблиските пријатели им се исто така од мешан брак тој е муслиман (и тоа од Африка) а таа православна христијанка па ги слават празниците кои се карактеристични и за двете религии и функционираат сосема во ред...
Религиските убедувања не можат да бидат причина за добар или лош брак или пак да влијаат на истиот...сепак постојат многу бракови во кои сопружниците се од иста религија па сепак не функционираат нели?
Љубовта е онаа што е важна, ако го сакаш некого, ќе го сакаш како целина и ќе го почитуваш, ќе ги почитуваш неговите ставови, размислувања, навики, а и религиозни убедувања....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and TheKitten

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,311
1,941
1,133
Што се однесува до мене, да би стапила во таков брак доколку се наоѓам надвор од границите на Балканот и тоа не поради себе туку поради своите родители не би стапила во брак тука.

Барем за луѓе како мене не е важна. И со религија и без религија би била истата личност.

Сакаш да кажеш ако го сретнеш човекот на твојот живот а е од друга вера, нема да се омажиш за него заради твоите родители??
Или ќе се омажиш надвор а нив ќе ги лажеш??
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,271
9,113
1,683
Нема разлика, и порано за време на СФРЈ се склучуваа мешани бракови. Додуша тогаш религијата не беше вмешана во сите пори на живеењето.
Значи ако двајца се сакаат и сакаат да се земат, религија и други вештачки поделби не треба да ги спречат. Пример бев во врска со Албанка, која по националност беше муслиман... Нема разлика, човек си е човек.
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата

Да, но кога почната војната сите тие бракови
или повеќето од нив се распаднаа,
причина "Војна меѓу 3 религии".
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Не се распаднале заради распаѓањето на СФРЈ, сигурна сум.
Имам многу познајници кои се од Хрватска и Босна.
Жени муслиманки кои биле венчани со христијани од Босна или пак со католици.
Блиски познајници ми се.
Разговарав со нив на таа тема.
Браковите се растурени на почетокот на војната во Босна и Хрватска заради почетокот на истата.
Мажите се на српска страна или на хрватска и се борат против муслиманите.
И обратно.
Што мислиш како би функционирал еден брак кога еве да речеме мажот кој е католик и се бори против муслиманите( а има дома жена муслиманка) оди и ја затвара фамилијата на жената? ( што и се случувало)
Како е можно да опстане таков брак?
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,311
1,941
1,133
Имам многу познајници кои се од Хрватска и Босна.
Жени муслиманки кои биле венчани со христијани од Босна или пак со католици.
Блиски познајници ми се.
Разговарав со нив на таа тема.
Браковите се растурени со почетокот на војната во Босна и Хрватска заради почетокот на таа војна.
Мажите се на српска страна или на хрватска и се борат против муслиманите.
И обратно.
Што мислиш како би функционирал еден брак кога еве да речеме мажот кој е католик и се бори против муслиманите( а има дома жена муслиманка) оди и ја затвара фамилијата на жената? ( што и се случувало)
Како е можно да опстане таков брак?
Јас бев дел од таков брак....Ти си познавала познаници, јас го живеев тоа...
Ако бракот се распаднал и не успеал да опстане во такви тешки времиња, значи не бил доволно цврст...
А неа треба да и’ падне тешко што тој оди да убива муслимани, а не и паѓа тешко што убива луѓе воопшто ???