Брак помеѓу личности со различни религиозни убедувања | Црнобело Форум

Брак помеѓу личности со различни религиозни убедувања

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Нели се запознаа пред да почне војната те на вечерта кога пукна првата бомба.
И тек после стана таа заложник.
Читав околу филмската сторија и на прес конференцијата кажуваше Џоли дека вистински приказни( најдени во записи и архиви)
ја инспирирале да го направи филмот.


А во случајот горе зборував за мајка муслиманка на моја најдобра другарка.
Нејзини пријателки го имаат доживеано истото.
Не мора да значи дека на сите им се случило тоа,
но мене ми падна тој пример во глава затоа што жената ми го кажуваше тоа.
Едноставно ме допре таа приказна.
Маж и пукал на луѓе од нејзината фамилија
( после тоа и отишол психички).
Дека е кретен јасно ми е,
но карактеристиките ќе ги оставиме на страна.
Факт е дека се има случувано.

Нормално дека се случувало, но не можеме да ја обвиниме војната како таква за разводите. Затоа што тој некој што се однесувал некако, бил таков и предходно. Војната била само ,,прекидач,, (не знам македонски збор).
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,412
1,103
Не би имала врска со албанец, посебно не со муслиман. Се извинувам ама тоа не ми е ни во лудило помислено. Причини има многу зошто е тоа така, не сакам да ги објаснувам . Битно од мој аспект тоа никако неможе да се случи, едноставно мојте очи не ги гледаат на таков начин.
За познаници албанци/муслимани имам, И баш се фини, културни и никогаш не сум имала проблем со нив. Од факултет ми се тие познанства и навистина супер се дечките , но премногу работи не делат за да можеме да бидеме soul friends. Онака здраво, како сте, што има , и чао.

Сакам да кажам дека не ги ставам сите во еден кош, и сум напоменала во повеќе наврати дека луѓето ги делам на добри и лоши. Но тука нешто друго е во прашање. Можеби за неколку милениуми работите ќе се сменат, но нема да сум тука да видам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Како шо беше напоменато во сите постови...религија...основ за омраза, војна , профитирање преку манипулација и држење во заблуда на масата. Велат раздели па владеј..ја викам заблуди па владеј. Секогаш имало мешани бракови по различни основи. Имало и исто толку колења , малтретирања , бегања, па лични вендети и слично. Карактеристика колку може човечкиот ум да биде тупав и глупав и колку лесно можете да контролирате слабо- свесна маса. Ние сме мултиетничка држава но сме мала и прилично (секоја чест на исклучоци) затворена и конзервативна....ќе се зачудите колку конзервативна иако навидум не изгледа така. Јас за среќа сум одгледана во семејство па и место каде што живееле повеќе луѓе со различна националност и верувања или неверувања. Никогаш не станало збор за некакви предрасуди ...од таму и тоа да се случи братучедот мој да има жена од Јапонија, вујко ми од Словенија, а тетка ми Африканец сопруг, и моите пријатели да имаат сопрузи и сопруги од Нигерија, Русија, Шведска, Албанија....тие луѓе се сите со различни убедувања и верувања но тоа не ги спречува во осварувањето на нешто, напротив, носи многу поголеми пораки, и многу поголем успех на свеста кај еден човек.....моите пријатели се атеисти скоро сите...и сите го почитуваме сопствениот и туѓиот избор, и затоа кога се работи за вакви теми...прилично природно ми се сево ова .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and TheKitten

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
27
Да важна ми е религијата и не би земала некој за маж што е друга вера,такви бракови и врски не успеваат
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,692
7,241
1,153
Big Sur
Не, затоа што ќе се изедат меѓусебно ако се религиозни фанатици. Па дури и обични почитувачи на својата религија. Секогаш ќе ја има онаа невидлива бариера што ќе ги разјадува.

Но, ако не им пречи и можат да се договорат да (не) ги слават празниците на партнерот, тогаш не гледам зошто не би функционирале.
Мене религијата не ми значи, така да не очекувам дека ќе завршам со некој апла религиозен пошто не сакам утре да ми вади угнетеност на нос. Празници не ми пречи да испочитувам, напротив, но одење по свети храмови, молитви, постење и што уште не - благодарам, нека.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,350
3,040
1,133
Vo 21 vek da zboris za religija I predrasudi za razlichno religii e tolku bizarno.Lugjeto odat na mesechina,se ragjaat deca dobieni so invitro I drugi dostignuvanja,a nie se zamarame koj vo sto veruval. Odnosot kon verata I Bog e za sekogo razlichno chuvstvo I ne treba da e prepreka za sekojdnevno ziveenje so drugite.Religijata spored mene e samo ogranichuvanja I davanje na pripadnost kon nekoja grupa koja moze da bide izmanipulirana od vodachite na religiozni grupi.
Bog ima razlichni iminja,mozete I da mu izmislite sopstveno ime, no dobrinata I empatijata kon drugite e ista.
Ako nemame rabota druga moze da se karame na religiozna osnova ,no nie ne sme podobri lugje ako nametnuvame svoja vera.Sakajte se sebe si I lugjeto okolu vas.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra