1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Брак, но не и развод!

Дискусија во форумот 'Колумни' започната од FallenAngel, 14 февруари 2013.

?

За или против развод кога се има деца?

Затворена анкета 28 февруари 2013.
  1. за

    55.6%
  2. против

    44.4%
  1. FallenAngel

    FallenAngel Староседелец

    Зачленет на:
    5 декември 2012
    Мислења:
    601
    Допаѓања:
    401
    Bum-Bum Arkantos
    Вака сега. Несакав јавно да зборувам за односите на моите но морам да појаснам.
    Татко ми бил на добра позиција со работа. Баба ми сакала да и е добро на мајка ми и направила се само за да се земат тие. Но знам дека мајка ми го има засакано татко ми а и тој неа. И сигурна сум до ден денес нешто чувствуваат во себе но секој е повреден од другиот. Беа во брак 13 години. Татко ми постар старешина кој не знаеше пара да заврти.со колите праеше купи продај, со компјутерите исто. Отидовме три пати на одмор во Бугарија и во охрид неколку пати. Уште од мала бев поврзана за него оти мајка ми работеше повеќе надвор од градот и не ја видував многу. А кога беше дома гледаше по газот да ми оди. Ми купуваше се имислеше со пари ќе ја купи мојата љубов. Сите пари дома ги даваше и се грижеше за фамилијата. Кога и да немаше пари татко ми одеше кај баба ми и бараше. Јас сите викенди таму бев кога например се пагаше дома сама да сум. Мајка ми почна да го мрази татко ми и почна да си бара друга среќа иако беше во брак. Јас за сето тоа знам. Татко ми беше неподнослив. Мислеше ако ја остави бремена се ќе се среди. Но таа се чистеше 3 пати. Една нова година дојде пијан и бидејки мама не сакаше да си легне до него не испади како кучиња надвор. После се каеше. А истата вечер ја претепа мама и јас му реков дека ова никогаш нема да му го простам. А тој бил бесен оти мајка ми телефонот си го криеше а тој се сомневаше дека има некој. Почна и тој да оди со други. Мајка ми се колни дека со тој со кој и одговарал нема спиено но се има осетено како жена а не како свиња и ред др работи како ја навредуваше тато. Имаше љубов мегу нив но изчезна и се претвори во омраза. Но имаше и позитивни моменти каде ги гледав заљубени. Мајка ми ми велеше дека повеќе функционираат како партнери за работа отколку како маж и жена. Знаеа за одмор да се договорат за пречек на слави за мој и нивни роденден. После толку години мајка ми сама бараше развод и имаше тука многу сцени Мафе сакаа и двајцата да се помират. Единствена грешка ми беше шо иако го сакав тато и сеуште го сакам повеќе останав со мама. Ради поубава иднина и оти ако сум отишла кај тато немала да може да живее. Татко ми до ден денес не ја сфати точната причина за развод. Тој нон стоп нема пари и сега и алиментација та не ми на плака оти ако ја плака се жали иако има државна работа. Од една страна е катастрофа но од друга го сакам татко ми е. И многу карактерни црти имам на него. Порано ко не ми пасуваше нешто реков ќе си одам кај тато. Но ете се сменив и не ни мислам на тоа. Знам каков терет ке сум му а и како ќе се осетат овие тука ако заминам. Гледам да го средам животот но празнината за среќен дом ќе остане. Пред некој ден зборував со очуввот и реков дека сакам да се осекам ко порано да ме сака како ќерка а тој ладно рече дека е повреден од мене и дека ме сака но не доволно за толку да ми изиграва татко. Ме скрши. Незнам што ќе сторам откако ќе го завршам школото. Ете тоа е во кратки црти.
     
  2. Bum-Bum

    Bum-Bum Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    1,125
    Допаѓања:
    1,844
    Ова е веќе нешто сосема друго ;)
    Иако пак ќе кажам тука е крива мајка ти ..она да не речам се земала со него поради пари и поради тоа да не ја повреди баба ти а на крај кој пати поради тој брак..Ти..онаа која е најмалку виновна за сето тоа...
    Барем јас како што разбрав
     
  3. FallenAngel

    FallenAngel Староседелец

    Зачленет на:
    5 декември 2012
    Мислења:
    601
    Допаѓања:
    401


    Мајка ми била дете. Татко ми и баба ми сами се договарале. Никој ништо не ја прашал. Потоа почнала баба да и врши притисок. Баба ми била учителка и сите имале страв од неа па и дома. Откако станала неподнослива и сама го викала дома татко ми мајка ми попуштила.

    Лани летото зборував со баба и си ја призна грешката но касно е
     
  4. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,676
    Во секој случај погрешно е да се бара кривец, во сето тоа. Никогаш не е еден сам кривец, секогаш и двајцата..
    И не треба да осудуваме( како горе напишаното од Бум бум крива е мајката на Весна,..за мене сите се криви)..
    Секој има своја причина за работите кои ги прави, така да..
     
    На Electra, Bum-Bum, slb_bobo и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. Believe

    Believe Активен Член

    Зачленет на:
    30 јануари 2013
    Мислења:
    108
    Допаѓања:
    141
    Кога би се одлучил на брак тоа би било со девојка со која ќе ја сакам премног за која и рака во оган ако треба ќе ставам, брак се склучува со љубов а не поради тоа што едниот или пак и 2 имаат финасии па ајде сега ќе бидеме во брак и ќе си имаме деца и тн. :) Така да се знае дека кога стапуваш во брак дека треба да размислиш прво дали си спремен самиот а после тоа дали доволно ја сакаш таа личност со која ќе сакаш да поминуваш цел живот со неа.
     
  6. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Весна1992
    Прости ми што си дозволувам да ги кажам овие зборови. Слободно можеш да притиснеш на копчето „пријави“ и да побараш да бидам санкциониран за ова што ќе го пишам - затоа што свесно знам дека можеби ова ќе биде навредлива содржина.
    Според ова што го раскажа, очигледно е дека мајка ти претходно била „продадена“ а потоа тепана - како стока, изневерувана, малтретирана, и ти после се’ тоа сакаш мајка ти и татко ти повторно да бидат заедно, само за тебе.
    Себично Весне... Многу себично.
    Мајка ти има право да биде со друг човек, по своја волја - а не да биде продадена.
     
    На Gemini, Lena, Electra и уште 5 други им се допаѓа ова.
  7. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,492
    Допаѓања:
    14,402
    Весна биди задоволна од тоа што твојот очув ти кажал,тој те сака ама не може да те сака како ќерка,како што ти него не го сакаш како твојот татко.
    Мајка и Татко може да ти бидат само едни.
    Но биди му благодарна и почитувај го,затоа што сепак те почитува и сака.
    Тоа што се случило помеѓу твоите родители не можеш да го промениш затоа прифати го.
    Подобро е родителите да се разделени од колку секој ден да има тепачки и дерење по дома а тоа придонесува за трауми врз детото кои се одразуваат во подоцнешните години.
     
    На Prashina, Bibi@ и Arkantos им се допаѓа ова.
  8. MountainMan

    MountainMan Активен Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    96
    Допаѓања:
    151
    ПРОТИВ!!! Ако веќе не си сигурен во љубовта можеш да си дадеш 1 -2 год заедно во брак БЕЗ ДЕЦА и ако веќе не се согласувате развод и ае чао. Ама ногу е лошо да бидеш дете на разведени родители (јас не сум али не би посакал на никој) посебно ако си во пубертет... Значи познавам деца (другари) кои родителите им се разведени тотално се променија од кога им се разведоа родителите, пушење,пиење дури некои одат и на по тешко*.. Така да јас сум против!
     
    На Весна1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Selene

    Selene Модератор

    Зачленет на:
    6 јуни 2012
    Мислења:
    719
    Допаѓања:
    1,867
    Ја читам темава и искрено ви се восхитувам на сите. Тебе Весна посебно. Си нашла сила да го напишеш ова и покрај тоа што знаеме како изгледаш, си нашла сила јавно да зборуваш за нешто што некој не би го можел ни под скриен ник. Сфаќам колкави кукавици се луѓето, како секогаш го најдуваат најлесниот начин да се извлечат од некои ситуации.

    Можам само капа да ти симнам на храброста што ја имаш.
     
    На Весна1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,048
    Допаѓања:
    6,666
    Онака, читајќи од страна, посебно од оние кои не искусиле на своја кожа, дури и смешно ми е како толку лесно го наметнуваат она „Да се остане поради децата, да немаат трауми“, а пак подеднакво смешно ми е и „Поарно е развод, отколку да се трпи“ (иако истото држи вода), чиниш бракот договор за кабловска е, па не чини и ајде, го кинеме и се префрламе на нова.
    Зошто? Затоа што кога еден брак дошол до степен каде треба да се решава само на основа на децата, тоа по секако е траума, без разлика на решението.
    И подеднакво е болно да се порасне без една родителска фигура, ко што е болно и да се порасне со две кои меѓусебно не се поднесуваат во иста просторија.
    Милиони парови, милиони причини, но кога веќе станало неподносливо, Боже мој, нема да се ни први, ни последни кои се развеле.
    А последици секако ќе има.
     
    На slb_bobo, Bibi@ и Selene им се допаѓа ова.

Сподели: