Bum-Bum Arkantos
Вака сега. Несакав јавно да зборувам за односите на моите но морам да појаснам.
Татко ми бил на добра позиција со работа. Баба ми сакала да и е добро на мајка ми и направила се само за да се земат тие. Но знам дека мајка ми го има засакано татко ми а и тој неа. И сигурна сум до ден денес нешто чувствуваат во себе но секој е повреден од другиот. Беа во брак 13 години. Татко ми постар старешина кој не знаеше пара да заврти.со колите праеше купи продај, со компјутерите исто. Отидовме три пати на одмор во Бугарија и во охрид неколку пати. Уште од мала бев поврзана за него оти мајка ми работеше повеќе надвор од градот и не ја видував многу. А кога беше дома гледаше по газот да ми оди. Ми купуваше се имислеше со пари ќе ја купи мојата љубов. Сите пари дома ги даваше и се грижеше за фамилијата. Кога и да немаше пари татко ми одеше кај баба ми и бараше. Јас сите викенди таму бев кога например се пагаше дома сама да сум. Мајка ми почна да го мрази татко ми и почна да си бара друга среќа иако беше во брак. Јас за сето тоа знам. Татко ми беше неподнослив. Мислеше ако ја остави бремена се ќе се среди. Но таа се чистеше 3 пати. Една нова година дојде пијан и бидејки мама не сакаше да си легне до него не испади како кучиња надвор. После се каеше. А истата вечер ја претепа мама и јас му реков дека ова никогаш нема да му го простам. А тој бил бесен оти мајка ми телефонот си го криеше а тој се сомневаше дека има некој. Почна и тој да оди со други. Мајка ми се колни дека со тој со кој и одговарал нема спиено но се има осетено како жена а не како свиња и ред др работи како ја навредуваше тато. Имаше љубов мегу нив но изчезна и се претвори во омраза. Но имаше и позитивни моменти каде ги гледав заљубени. Мајка ми ми велеше дека повеќе функционираат како партнери за работа отколку како маж и жена. Знаеа за одмор да се договорат за пречек на слави за мој и нивни роденден. После толку години мајка ми сама бараше развод и имаше тука многу сцени Мафе сакаа и двајцата да се помират. Единствена грешка ми беше шо иако го сакав тато и сеуште го сакам повеќе останав со мама. Ради поубава иднина и оти ако сум отишла кај тато немала да може да живее. Татко ми до ден денес не ја сфати точната причина за развод. Тој нон стоп нема пари и сега и алиментација та не ми на плака оти ако ја плака се жали иако има државна работа. Од една страна е катастрофа но од друга го сакам татко ми е. И многу карактерни црти имам на него. Порано ко не ми пасуваше нешто реков ќе си одам кај тато. Но ете се сменив и не ни мислам на тоа. Знам каков терет ке сум му а и како ќе се осетат овие тука ако заминам. Гледам да го средам животот но празнината за среќен дом ќе остане. Пред некој ден зборував со очуввот и реков дека сакам да се осекам ко порано да ме сака како ќерка а тој ладно рече дека е повреден од мене и дека ме сака но не доволно за толку да ми изиграва татко. Ме скрши. Незнам што ќе сторам откако ќе го завршам школото. Ете тоа е во кратки црти.