Бојадисување (фарбање) на косата

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
и дали знаете дали постои плава к'на

Kолку што јас знам плава к'на не постои.Најубаво да си отидеш на фризер да те исфарбаат како што сакаш со фарба без амонјак,или купи си фарба и во домашни услови исфарбај се (ако ти се експериметира со коса :) )
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Долго време косата ја фарбав црна,сега демек пола година ја оставам да ми порасне мојата природна коса, да падне фарбата и да ја осветлам. Ја шишам по малце секој месец, ама имам нешто помалце од пола уште да ми падне црната фарба. Не ми се чека веќе, а на фризер за осветлување ми бараат скоро 50 евра. Па онака само чисто и размислувам да и ставам бланш на своја рака, или да ме исфарбаат на фризер по регуларна цена за фарбање, па да не и ставам одма фарби, да ставам некој колор шампон, па таман додека падне ќе ми се одмори малце косата за да можам да ја исфарбам.
Ама, немам искуство со бланш.
Како ви се чини идејава?
Помага бланшот за осветлување на фарбана црна коса?
Многу ли ја гори косата, како ќе ми дојде делот што ми е фарбан, како мојата природна коса?
 
Последна промена:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Долго време косата ја фарбав црна,сега демек пола година ја оставам да ми порасне мојата природна коса, да падне фарбата и да ја осветлам. Ја шишам по малце секој месец, ама имам нешто помалце од пола уште да ми падне црната фарба. Не ми се чека веќе, а на фризер за осветлување ми бараат скоро 50 евра. Па онака само чисто и размислувам да и ставам бланш на своја рака, или да ме исфарбаат на фризер о легуларна цена за фарбање, па да не и ставам одма фарби, да ставам некој колор шампон, па таман додека падне ќе ми се одмори малце косата за да можам да ја исфарбам.
Ама, немам искуство со бланш.
Како ви се чини идејава?
Помага бланшот за осветлување на фарбана црна коса?
Многу ли ја гори косата, како ќе ми дојде делот што ми е фарбан, како мојата природна коса?
Мој совет -никако бланш,а уште потрагично на своја рака.
Делот црн ќе ти испадне портокалов,а твојата коса ќе ти осветли и ќе личиш на морковче.
Штом си исчекала толку време,почекај уште малку и онака е во мода тој стил (омбре)...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мој совет -никако бланш,а уште потрагично на своја рака.
Делот црн ќе ти испадне портокалов,а твојата коса ќе ти осветли и ќе личиш на морковче.
Штом си исчекала толку време,почекај уште малку и онака е во мода тој стил (омбре)...
Па немам проблем со тоа, мојата коса исто е темна и воопшто не се гледа дека не ми е фарбана.
Не ми се чека веќе вистина. :D
Па знам дека ќе испадне така, ама мислев со колор шампонот да ги израмнам двата дела, па после да ја исфарбам цела коса па ваљда ќе дојде исто се. Пошто новата фарба ќе биде нијанса потемна од тоа како ќе фати бланшот.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Досега ја немам фарбано косата никогаш, и сакам да сменам малце. имам темно кафена коса и црномањест тен на кожата. Ми се допаѓаат некои комбинации, како подолу сликата , па ако некој може да ми помогне со совет околу тоа која фарба е најдобар избор , јачина на хидроген , комбинација на бои .. different-hair-color-for-olive-skin-for-long-wavy-hair.jpgdifferent-hair-color-for-olive-skin-for-long-wavy-hair.jpg
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Долго време косата ја фарбав црна,сега демек пола година ја оставам да ми порасне мојата природна коса, да падне фарбата и да ја осветлам. Ја шишам по малце секој месец, ама имам нешто помалце од пола уште да ми падне црната фарба. Не ми се чека веќе, а на фризер за осветлување ми бараат скоро 50 евра. Па онака само чисто и размислувам да и ставам бланш на своја рака, или да ме исфарбаат на фризер по регуларна цена за фарбање, па да не и ставам одма фарби, да ставам некој колор шампон, па таман додека падне ќе ми се одмори малце косата за да можам да ја исфарбам.
Ама, немам искуство со бланш.
Како ви се чини идејава?
Помага бланшот за осветлување на фарбана црна коса?
Многу ли ја гори косата, како ќе ми дојде делот што ми е фарбан, како мојата природна коса?

Моја другарка исто се фарбаше црна цело време и одеднаш и текна да менува. Прво се офарба на своја рака црвена и излезе коренот црвен жар а надолу црна. И одеднаш си реши да ја осветли. Беше овде кај нас во Тетово во една фризерница каде што убаво си работи фризерката, првин и направила нешто како деколоритет, и во моментот и била нешто како медова боја ама тепало на жолто, и после тоа шатирање и да ти кажем на крај ефетот и беше супер. А за цена мислам дека околу 2000ден. и зеде.
Никако не би ти препорачала да ставиш бланш на своја рака , јас се шатирам 2 пати до 3 годишно со бланш , најчесто горе коренот го шатирам зошто нели кога расте косата, џабе боја плава што ставам кога коренот фаќа како на портокалово а надолу кај што е шатирана е супер. Па за да не ја горам целосно го шатирам само коренот и после првото фарбање по шатирањето бојата на косата е најубава, барем за мене. Сепак подобро е јас мислам да платиш еднаш и да ти ја направат косата како што ти е замислата, отколку сама да експериментираш, па ако не ти испадне купи ова купи она пак ќе ти излезат тие пари. Ама со бланш дома не си играј :) Позз ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Е сега јас да побарам совет да ми препорачате квалитетна фарба - црна боја. Бидејќи имам некоја си светла-кафена нијанса планирам деновиве да ја сменам во црна. Ама бидејќи стравувам да не ми се уништи со некоја квази пепел-црна нијанса ( а после нема назад :D ) сакав да ве прашам и вас за некоја ептен темна и убава црна. Фала ви :)
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Е сега јас да побарам совет да ми препорачате квалитетна фарба - црна боја. Бидејќи имам некоја си светла-кафена нијанса планирам деновиве да ја сменам во црна. Ама бидејќи стравувам да не ми се уништи со некоја квази пепел-црна нијанса ( а после нема назад :D ) сакав да ве прашам и вас за некоја ептен темна и убава црна. Фала ви :)

По мое мислење Ревлон фарбите ти се доста квалитетни и интензивни кога е во прашање бојата (негде се околу 350ден) а исто така и Keune (290 ден), башка сигурно сакаш да не ти испадне бојата од две три миења. Па затоа и ти ги препорачувам истиве. Само не знам за купување овде кај нас во Те потешко се наоѓа ревлон , по некои фризерници може да се купи,ете не сум проверила по Шатци , ДМ ...
Evolution исто ми ги имаат фалено , ма да никогаш не сум употребила на себе.
Се надевам нешто помогнав ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Е сега јас да побарам совет да ми препорачате квалитетна фарба - црна боја. Бидејќи имам некоја си светла-кафена нијанса планирам деновиве да ја сменам во црна. Ама бидејќи стравувам да не ми се уништи со некоја квази пепел-црна нијанса ( а после нема назад :D ) сакав да ве прашам и вас за некоја ептен темна и убава црна. Фала ви :)
Јас би ти ги препорачала фарбите на evolution, црната им ја користев ептен долго време и стварно бев задоволна. Ја купував од Веро, некаде околку 200 денари е. Не е скапа а стварно е квалитетна. Косата ти е убава и сјајна, а и бојата долго трае.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky