Бојадисување (фарбање) на косата

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Дали ја бојадисувате ( фарабате ) косата? Каква фарба за коса користите ?
Која е најдобра марка на фарба според вас ?
Колку бои имате сменето досега? На колку време се фарбате ?

Јас се фарбам скоро 4 години. Скоро сите бои за коса ги имам ставено. :)
Моментално сум црвенокоса и не планирам да ја менувам , многу е тешка ова боја за одржување, се фарбам 1 месечно..... иако црвената боја треба да се фарба на 2 недели..... но не сакам многу да си ја оштетам косата. :(
Скоро сите фарби за коса ги имам пробано, моментално се фарбам со Гарниер и задоволна сум, супер е за цената, а од поскапите задоволна сум од Сајос. :)
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,227
3,542
1,143
да се фарбав.... кафена,црна,па пак кафена... и не моќев да ја добијам бојата што ја сакам и престанав да се фарбам и по некое време ја добив бојата што ја сакам :biggrin инаку користам палете и гарниер...цело време се фарбав со палете а последно со гарниер и ја добив бојата што ја сакав.а инаку многу сакам црвена коса али нема да ми стои :sram
 
  • Like
Реакции: Dee Dee and Ludaca

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,048
6,666
1,153
Big Sur
Ох, нема боја што ја немам пробано.
Црвена, reddish-brown (на Македонски глупо звучи) и лешник боја ми се најубави. А сум била и морков. Буквално.
Коренот ми беше каки плав, а надолу баш морков портокалова. Среќа 15 дали имав, па не сфаќав баш колкав феил сум.
Се фарбам кога ми текне, на месец-два некаде, и секое фарбање имам нова нијанса. Имам долга и (може да се рече) прилично густа коса, па немам проблем со фарбите, единствено што морам со маски и серуми да се замарам и по 3 пакувања фарби ми требаат за целосно покривање. Користам Сајос, Гарниер или Лореал, зависи од која марка ми се свиди нијансата.
Моментално сум темно кафеава, најблиску до природната, а планирам да си ја вратам оваа:

Најубава ми е некако. И нај ми одговара. :D
 

Dee Dee

Истакнат Член
Не се фарбам..Али доколку би се фарбала тоа би биле некои откачени бои..Светло розева,зелена,светло црвена..и за крај ЦРНА!
Пошто ако се фарбам црна тешко после да ја офарбаш посветла..Мајка ми беше црна и за да ја осветли бланш и ставаа и целата и изгоре а колку убава и беше..
 
  • Like
Реакции: Ludaca

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,358
2,204
423
Дома пред Пц
колку бои имам сменето ни сама не сум свесна :)

се фарбам од матурата па навака :) сакам да експериментирам со боите...денес плава утре црвена и слично, а црна никогаш нема да бидам.ај промс :)
костенлива, па плава, па златна...па долго време сакав да бидам портокалова (inlove) па година мож и две се трудев да ја добијам бојата...и коа ја добив одма ми стана досадна :D и после инспирирана од ријана, реков ќе се фарбам како неа жиш црвена па мајка јана нека е :) и така
незнам зш викаат дека е тешко да се одржува бојава, јас не осетив никаква тешкотија...
порано користев фарби на Keune
ама пошто се прескапи...не ми се фрлаше пари секој месец за фарба а и ја немаат посакуваната боја и се префрлив на едни Beauty и Subrina.
Освен шо се фарбам користам и колор шампони за освежување на бојата, и добивање по светла боја :)
 
  • Like
Реакции: Ludaca and Dee Dee

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Јас не се фарбам ниту пак сум се фарбала,само вадам по некој прамен оти ми се допага кога има измешано повеке приближни нијанси на боја врз косата или нашки кажано:Dсе шатирам.Имам светла боја на косата и од страв дека ако се исфарбам пример црвена никогаш нема да можам да ја вратам мојата боја на косата.Имам вадено и црвени и розеви прамени ама цела коса ја немам никогаш исфарбано.
 
  • Like
Реакции: Dee Dee