Африка е втор по големина континент во светот и по површина и по население, но и единствениот преку кој преминува екваторот и двата повратници. Африка зазима 20,3 % од вкупната површина на Земјата. Релјефот и вегетацијата на најтоплиот континентварираам од дождовни шуми и суви савани до врели пустини.Со 30,2 милиони км2, вклучувајќи и соседни острови, тој покрива 6% од целосната површина на Земјата и 20,4% од целосната копнена површина. Со билион луѓе на 61 територија, таа вбројува околу 14,72% од светското население. Континентот е обиколен од Средоземното Море на север, Суецкиот Канал и Црвеното Море долж Синајскиот Полуостров на североисток, Индискиот Океан на југоисток и Атлантскиот Океан на запад. Континентот има 54 суверени држави, вклучувајќи ги Мадагаскар, неколку групи на острови и Шарави Арапска Демократска Република, земја-членка на Африканската Унија, чија државност ја оспорува Мароко. Научната заедница длабоко ја почитува Африка, особено централно-источниот дел на Африка, бидејќи се смета дека од неа потекнуваат луѓето и Hominidae clade (човеколики мајмуни), како докажа истражувањето на најраните хоминиди и нивните предци, како и на оние кои датираат од пред околу седум милиони години, бклучувајќи ги Sahelanthropus tchadensis, Australopithecus africanis, A. Afarensis, Homo erectus, H. habilis , H. ergaster и најраниот Хомо сапиенс (денешен човек), кој е пронајден во Етиопија и датира од пред околу 200.000 години. Африка поминува низ екваторот, со што вклучува повеќе климатски зони. Таа е единствениот континент кој се протега од северно-умерените до јужно-умерените зони. Очекуваната економска стапка на пораст на Африка е околу 5,0% за 2010 и 5,5% во 2011 година.