Африка

TheFrisb

Староседелец
3 март 2012
97
161
1,043
Во друга галаксија :)
Африка е втор по големина континент во светот и по површина и по население, но и единствениот преку кој преминува екваторот и двата повратници. Африка зазима 20,3 % од вкупната површина на Земјата. Релјефот и вегетацијата на најтоплиот континентварираам од дождовни шуми и суви савани до врели пустини.Со 30,2 милиони км2, вклучувајќи и соседни острови, тој покрива 6% од целосната површина на Земјата и 20,4% од целосната копнена површина. Со билион луѓе на 61 територија, таа вбројува околу 14,72% од светското население. Континентот е обиколен од Средоземното Море на север, Суецкиот Канал и Црвеното Море долж Синајскиот Полуостров на североисток, Индискиот Океан на југоисток и Атлантскиот Океан на запад. Континентот има 54 суверени држави, вклучувајќи ги Мадагаскар, неколку групи на острови и Шарави Арапска Демократска Република, земја-членка на Африканската Унија, чија државност ја оспорува Мароко. Научната заедница длабоко ја почитува Африка, особено централно-источниот дел на Африка, бидејќи се смета дека од неа потекнуваат луѓето и Hominidae clade (човеколики мајмуни), како докажа истражувањето на најраните хоминиди и нивните предци, како и на оние кои датираат од пред околу седум милиони години, бклучувајќи ги Sahelanthropus tchadensis, Australopithecus africanis, A. Afarensis, Homo erectus, H. habilis , H. ergaster и најраниот Хомо сапиенс (денешен човек), кој е пронајден во Етиопија и датира од пред околу 200.000 години. Африка поминува низ екваторот, со што вклучува повеќе климатски зони. Таа е единствениот континент кој се протега од северно-умерените до јужно-умерените зони. Очекуваната економска стапка на пораст на Африка е околу 5,0% за 2010 и 5,5% во 2011 година.
 

TheFrisb

Староседелец
3 март 2012
97
161
1,043
Во друга галаксија :)
Погледнете ја убаво картата.Не ви изгледа Африка на череп од мало црнче кое лие солзи? Викторино езеро е окото, а другите две солзите. Мother Africa is crying,fellas...she prays for help.
Добра забелешка
 
  • Like
Реакции: Minella

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,082
1,632
113
Македонија
Најголема желба за наредна дестинација ми е Африка..едноставно многу возбудлив континент..а поточно би сакал да ги посетам Јужна Африка и Конго :)
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија

Африка располага со многу убави места. Но најубаво според мене е Кејптаун.
 
  • Like
Реакции: Hexasto

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,132
2,396
1,133
Yellow submarine
Ќе даде дедо Боже еден убав сончев ден да изиграм некој домороден танц во прегратките на мајка Африка.
Дестинација која мора да ја забележам во мојот нотес на најубави доживувања...

africa1.jpgafrica2.jpgafrica3.jpgafrica4.jpgafrica5.jpg
 
  • Like
Реакции: Hexasto

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Мозамбик се наога во југоисточна Африка..Се граничи со Танзанија, Малави и Замбија..
Се зачудив кога видов таму некои луксузни хотели и ресорти покрај плажите...



додека некои одат да уживаат, другите:
Половина жители на Мозамбик живеат под линијата на сиромаштијата и се неписмени. Кога завршила граѓанската војна, Мозамбик бил една од најсиромашните држави во светот. Сеуште е една од најсиромашните држави но во последните неколку години забележува значаен напредок..
се шират разни болести, посебно колерата која ја зафати земјата после големата поплава, од која починаа многу луѓе..

хепи фемили:biggrin
 
  • Like
Реакции: Marick14

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Јужноафриканската Република се наоѓа на јужниот крај на Африка и се граничи со Намибија, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик и Свазиленд. Лесото е независна енклава, целосно опкружена со територијата на Јужна Африка.

Оваа држава има најбројно население од европско потекло во Африка, најбројно индиско население надвор од Азија, како и најбројна Обоена заедница во Африка, што ја прави една од најшарените земји во етничка смисла на континентот. Расните и етничките борби помеѓу мнозинството на црнците и малцинството на белците играле голема улога во историјата и политиката на земјата. Оваа земја е една од ретките во Африка што никогаш не доживеала државен удар а редовни и демократски избори се одржуваат од 1994, што ја прават регионална сила и една од најстабилните либерални демократии во Африка. Економијата на Јужна Африка е најголема и најразвиена на целиот африкански континент, со модерна инфраструктура низ целата земја. Главен град е Преторија, а нај голем град по број на жители е Јоханезбург, државното уредување е Уставна демократија а претседател е Џејкоб Зума.
Во ЈАР се одржа светското првенство во фудбал во 2010 година,
Еден снимател од една наша телевизија ми кажуваше дека кога бил да снима на првенството им препорачале да не шетаат слободно, вика од хотел до стадион одиш со кола и назад , не е безбедно сам по улици да се движиш, посебно со некој багаж или опрема на тебе..Значи и покрај тоа што оваа земја важи за една од најразвиените во Африка сепак останува тој синдром од другите африкански држави..

и химната на првенството нормално

- Јоханезбург...

И најпознатиот поранешен претседател на ЈАР - Нелсон Мандела, роден 1918 познат како борец против апартхејдот и светски борец за слободата.
 
  • Like
Реакции: Luckky and 4FUN