Астрална проекција

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Астралната проекција може едноставно да се дефинира како одделување на човековата свест од физичкото тело и заземање нова форма со која се откриваат други димензии и сфери. Скептиците сметаат дека тоа е само илузија, но, истражувањата го потврдуваат ставот дека овие искуства можат да се постигнат и при нормално функционирање на мозокот. Тоа едноставно може да се случи кога телото има ослабени сетила, особено за време на одмор или спиење, меѓутоа, во секој случај, свеста функционира.

Исто така, има големи варијации во степенот на доживување на ова искуство и што се случува додека трае. Во најголем број од случаите, луѓето слушаат чудни звуци или чувствуваат вибрации.

Анализирајќи ги истражувањата, експертите заклучиле дека вонтелесното искуство се случува кога човекот спие. Што значи, полесно се доживува кога мозокот не е активен, односно додека спиеме или се одмараме. Телото прво мора да се најде во опуштена состојба или еден вид на транс и тоа е клучно за да се доживее ова искуство кога нашата потсвест станува помоќна од свеста.

Предности на вонтелесното искуство кои можат да ви го променат животот

За секој поединец, астралната проекција е различно искуство, што значи дека секој човек различно се мотивира во текот на процесот. Меѓутоа, една работа е заедничка за сите – предноста на оние кои го доживеале ова искуство е можноста да ја разоткријат духовната страна на човековата свест.

1. Будење на духовниот идентитет. Предноста на астралното патување е тоа дека е многу подобро од будењето на сетилата во физичката сфера – ова искуство помага при будењето на духовниот идентитет кај луѓето. Некои луѓе тврдат дека тоа го елиминира стравот од смртта и непознатото.

2. Зголемено духовно просветлување. Кога ќе поминете низ овој процес, почнувате да се разбирате себеси не само како тело кое постои, туку придавате поголемо значење на вашето постоење. Луѓето стануваат помудри преку длабоко духовно искуство кое се изедначува со вонтелесното искуство.

3. Задоволување на љубопитноста. Ова може да се гледа како љубопитност и желба да се открие што се крие надвор од физичкиот свет. Најчесто, луѓето кои сакаат да знаат што има надвор од реалниот и физичкиот свет имаат вакви искуства. На крај, можеби ова искуство им помага на луѓето да ја разрешат мистеријата на животот и постоењето.

Вонтелесните искуства се се почести, а податоците покажуваат дека ова доживување помага при откривање на подлабоката смисла на постоењето надвор од реалниот свет.

Дали сте имале до сега Астрална проекција?

Опишете го вашето доживување....

Доколку не сте, дали сте помислиле да го направите ова?

 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Немојте баш да се водите според видеа на интернет.
Нема некојси водич за астрална проекција, а лежењето на грб и таквото опуштање може само да доведат до спиечка парализа, односно она народсконо гледање духови и газење од сеништа, што баш и не е најпријатно искуство.
Мене ми се има случено 2-3 пати накратко, без никакви обиди или нешто. Така, само од себе.
Прво ми беше чудно, исто ко сон е, ама ептен вивиден. Малку е мутаво да се гледаш сам себе дури спиеш, ама интересно е бе да лебдиш. Само чуден е погледот врз предметите, ко малку издолжени и нејасни се.
Добро е што имам ептен самоконтрола врз мислите во сон. Неретко можам да го управувам сонот или да сум свесна дека можам да западнам во таа парализа, па се присилувам да се разбудам.
Последниот пат при проекција почна да ми зуи во ушите, баш осетив вибрации ко што е споменато и сета се здрвив, осетив дека ќе завршам во спиечка парализа, па кога ме мавна една паника, едвај успеав да се разбудам. У пм, не е баш најзабавно.
Имам читано дека ако се има многу енергија во астралното тело, човек може дури и подалеку да оди во сон. Ама после е тешкото ако се снема енергија да се врати назад. Затоа од соба не излегувам. :D
А најдобар начин да се постигне самоконтрола и да се зголемат шансите за астрална проекција е преку медитација.
Сепак интересно искуство, но не е баш препорачливо за паничари.

Јао, мајке ми, ко на којзнае какви тревки да сум делувам. :D :D
Ама па не е ништо ненормално. Само кој не доживеал може да му изгледа ко она:
Бабо, кај ми се апчињата?
Море кои апчиња, ги виде ли ти змејовине в кујна? :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: V00J., AnGelgirl24 and Lena

онјаЛ

Полноправен Член
22 ноември 2012
69
85
18
Еве ви едно извинување за активирање на (многу) стара тема. Anyway...
Дајте бе луѓе покажете ми step by step како да направам. Сметајте ме за идиот. Пробувам веќе неполна година. Исчитав и изгледав толку срања низ интернетов, што не знам кој да го верувам. Ако има некој со доволно искуство да му покажи на идиот како да го напушти телото (и да си добие (pivo)), пукај!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: V00J.

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Слушајте Astral Projection, Goa trance хаха... се зезам...:D

Вака и јас како и Electra сметам дека астрална проекција најбезбетно е да се постигне преку медитација. Запознавајќи се самиот себе на тој начин би можеле многу полесно да го контролираме духот ноќе при левитација... во секој можни добри бенифиции не избежни се лошите искуства... затоа нека ги има што помалку... не може човек со нарушен ритам на дишење да има целосна психичка контрола на тоа што прави додека е АУТ ОФ БАДИ. Да се разбереме, праксата е најбитна... Синхронизирајте го дишењето и бидете фокусирани.. преку имагинација на предмети или броење... навечер пред спиење. Мислам дека треба да го нагласите третото издишување, па шестото, па деветото, за умот полесно да може да се фокусира. Го нагласуваме со мислите... свесни дека тоа е трето идишување откако почнуваме со обидување за астрална проекција... ова е мое лично искуство како јас имам правено... со среќа :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnGelgirl24