Астралната проекција може едноставно да се дефинира како одделување на човековата свест од физичкото тело и заземање нова форма со која се откриваат други димензии и сфери. Скептиците сметаат дека тоа е само илузија, но, истражувањата го потврдуваат ставот дека овие искуства можат да се постигнат и при нормално функционирање на мозокот. Тоа едноставно може да се случи кога телото има ослабени сетила, особено за време на одмор или спиење, меѓутоа, во секој случај, свеста функционира.
Исто така, има големи варијации во степенот на доживување на ова искуство и што се случува додека трае. Во најголем број од случаите, луѓето слушаат чудни звуци или чувствуваат вибрации.
Анализирајќи ги истражувањата, експертите заклучиле дека вонтелесното искуство се случува кога човекот спие. Што значи, полесно се доживува кога мозокот не е активен, односно додека спиеме или се одмараме. Телото прво мора да се најде во опуштена состојба или еден вид на транс и тоа е клучно за да се доживее ова искуство кога нашата потсвест станува помоќна од свеста.
Предности на вонтелесното искуство кои можат да ви го променат животот
За секој поединец, астралната проекција е различно искуство, што значи дека секој човек различно се мотивира во текот на процесот. Меѓутоа, една работа е заедничка за сите – предноста на оние кои го доживеале ова искуство е можноста да ја разоткријат духовната страна на човековата свест.
1. Будење на духовниот идентитет. Предноста на астралното патување е тоа дека е многу подобро од будењето на сетилата во физичката сфера – ова искуство помага при будењето на духовниот идентитет кај луѓето. Некои луѓе тврдат дека тоа го елиминира стравот од смртта и непознатото.
2. Зголемено духовно просветлување. Кога ќе поминете низ овој процес, почнувате да се разбирате себеси не само како тело кое постои, туку придавате поголемо значење на вашето постоење. Луѓето стануваат помудри преку длабоко духовно искуство кое се изедначува со вонтелесното искуство.
3. Задоволување на љубопитноста. Ова може да се гледа како љубопитност и желба да се открие што се крие надвор од физичкиот свет. Најчесто, луѓето кои сакаат да знаат што има надвор од реалниот и физичкиот свет имаат вакви искуства. На крај, можеби ова искуство им помага на луѓето да ја разрешат мистеријата на животот и постоењето.
Вонтелесните искуства се се почести, а податоците покажуваат дека ова доживување помага при откривање на подлабоката смисла на постоењето надвор од реалниот свет.
Дали сте имале до сега Астрална проекција?
Опишете го вашето доживување....
Доколку не сте, дали сте помислиле да го направите ова?