Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Јас си ги викам јадранки.
Порано си носев повеќе, сега само за на плажа.
Имам неколку пара: ниски и на плута. Ги сакам еднобојни, без многу шари. Само едни ми имаат едно малечко цветче. Во суштина, не носам накинџурени обувки ни облека...
Воопшто не ги сакам...
Ги носам само на одмор...
Ме убива кај прстот и ме нервираат
А за на одмор си имам неколку пара такви наџиџани и да ми бидат во склад со костимот за капење
Ѓонот не дава соодветна поддршка Она што ни изгледа како добра карактеристика на апостолките, односно нивната мекост и удобност, предизвикува стапалото да се свитка кон внатре. Ова може да предизвика болка во петата, стапалото, на мекиот дел околу прстите и во самите прсти.
Мускулите и тетивите премногу се напнуваат Малата лента во облик на буквата V која се наоѓа помеѓу прстите е единственото нешто што ја врзува вашата нога за апостолката. Поради тоа кога одите ја грчите ногата, а мускулите и тетивите работат „прекувремено“.
Рамните обувки ја напрегнуваат Ахиловата пета Доколку носите обувки со малку подигната пета, рамните обувки ќе ги растегнат мускулите во листовите од нозете.
Доаѓа до здебелување и пукање на кожата
Кожата станува тврда, а бидејќи стапалата се изложени на воздух може да стане и сува. Доколку не ја негувате соодветно ризикувате да си направите рани на нозете.
Болки во колковите и грбот Кога одите во апостолки вообичаено се скратува чекорот, што може да доведе до болка и во другите делови од телото. Најчесто тоа е грбот и колковите.
Не даваат никаква заштита Нозете се изложени на разни остри и нечисти предмети, па со тоа се зголемува ризикот од исекотини и разни повреди. Работава е само за лајнарките