Апостолки

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,492
14,405
1,683
во светот на бајките
На прагот е летото,конечно нозете ќе можеме да си ги луфтираме со неизбежните папучуки наречени Апостолки,некаде познати како Јадранки или Јапонки.Замислете си врели денови без Апостолки,тоа би било како лето без сонце.Ги има секакви,пластични,платнени,кожни,еднобојни,шарени со монистри со циркони...Апостолките биле и ќе бидат најносените обувки во текот на летните денови и тоа истовремено како на плажите така и во метрополите.

Според некои податоци овие папучи водат потекло од земјата на изгрејсонцето-Јапонија,настанати од традиционалните јапонски плетени или новозеландски дрвени сандали.Нивниот современ дизајн го смислил Маурис Јок 1975год.Па од тука потекнува и називот Јапонки.

Мене, омилени ми се за преку ден,го обожавам нивниот звук во ôд(флип-флоп(с) на англиски наречени заради звукот) ,го сакам моментот кога сум на плажа и кога газам врз врелиот песок и кога мала количиња на песок ми ги скокотка стапалата...Ги сакам во разни бои и секое лето си купувам по неколку пара...едни за на плажа,едни за преку ден и некои посвеченки за навечер...

Дали и вие ги носите Апостолките во летните денови,какви најчесто купувате?Какви ви се допаѓаат?

Овде можете да погледнете неколку интересни и убави Апостолки од H&M,на страната на ЦрнноБело
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,697
13,878
973
тато имаше порано еднио ептен убавци. исусофке, такфи едни. за на плажу, талибанофке, мноо јаки
 
  • Like
Реакции: JaMi

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
872
1,103
393
26
Струмица
Да ги носам, и многу ги сакам... и за преку ден и за навечер :) сакам да се шарени, најчесто и такви си купувам, со некоја декорација на нив... :D
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,541
2,555
1,133
Носам преку лето, а нема да заборавам кога одевме за Турција и по патот ми текна дека сум ги заборавил дома, па од Фришопот купував 2 пара по 15 евра :eek и замислете ги заборавив во Турција :rofl Будала се истрчав да купам веднаш, божем крај на светот дошло, а во Турција беа по 4-5 евра :x
 
  • Like
Реакции: JaMi

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
501
1,110
393
Уфф едвај чекам да се стопли! Ги носам и за надвор и по дома :)
 
  • Like
Реакции: JaMi