Аниме

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Јас од манга имам прочитано само неколку страни од DBZ, неколку поглавја од Claymore и толку колку што имаше преведено на англиски од Orpheus no Mado (срам да им е, не ја превеле целата а и нема да го направат тоа, идиоти).:)

Од Клејмор ги има сите чаптери односно до 143 мислам се стасани, јас ја следам мангата. :)
Инаку анимето го запреа, го завршија со глуп крај... :eek
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Од Клејмор ги има сите чаптери односно до 143 мислам се стасани, јас ја следам мангата. :)
Инаку анимето го запреа, го завршија со глуп крај... :eek
Можеби ќе има втора сезона
Иако не верувам во тоа.
Но, мислам дека треба да отвориме посебна тема за манга.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Можеби ќе има втора сезона
иако не верувам во тоа
.
Но, мислам дека треба да отвориме посебна тема за манга.

Нема да има, затоа што крајот на анимето не се совпаѓа со мангата, а и немаат ништо најавено. :/

Па не е проблем и овде да пишуваме, секако нема многу членови, а уште помалце некој да се буни. :)
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Нема да има, затоа што крајот на анимето не се совпаѓа со мангата, а и немаат ништо најавено. :/

Па не е проблем и овде да пишуваме, секако нема многу членови, а уште помалце некој да се буни. :)
Па, да. Нема многу што гледаат аниме на форумот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Проклетство!
Напишав една голема анализа за Attack on Titan, но по грешка пуштив нешто друго и така ми се избриша целиот текст. Утре ќе напишам нов.
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Attack on Titan
Серијата која ја одбележа годината. Веројатно сите што гледаат аниме имаат слушнато за неа.
Ова е анализа на Attack on Titan.
Приказна - Дејството се случува во некое старо looking општество.
Во некое време (сеуште не сум сигурна дали 1000 години пред или после нашето), се створило животно - биолошки непријател на човекот, титан. Така голем дел од човечкиот род бил истребен. Оние што преживеале, создале свое општество заштитено со три ѕида како заштита од титаните. Првиот ѕид, Марија; вториот, Розе и третиот Сина.
Ерен е момче кое со своето семејство и посвоената сестра Микаса живее во ѕидот Марија.
Еден ден се појавува големиот Колосален Титан кој може да го скрши ѕидот. Така ѕидот Марија е срушен и семејството на Ерен се растура. Мајка му е изедена од титан пред очите на Ерен. Од тој ден Ерен се заколнува дека ќе ги убие титаните.
Ерен, Микаса и нивниот пријател Армин патуваат на побезбедно место.
Подоцна тие се придружуваат на армијата...
Ликови
Ерен - Син на доктор кој сепак не е најпаметен. Нервозен е и не бира зборви, но секако има причина за тоа. Тврдоглав е и решен да ги порази титаните.
Микаса - Посвоена сеста на Ерен. Таа е најдобра од групата во која сите тренираа за во армија. Најмногу се грижи за Ерен и го смета за вистински брат.Ги почитува одлуките на Ерен и оди секаде со него.
Армин - Некое си мало, нежно женскасто створче кое би требало да биде многу паметно. Понекогаш знае да нервира, но сепак не е толку лош лик.
Други ликови: Ливаи, Ани, Саша, Џин, Раинер, Марко, Пиксис...
Според мене, ликовите се речиси сите одлични.
Анимација - Чиста десетка. Изгледот на ликовите е супер и се совпаѓа со нивната личност. Позадините се исто така супер и преубави. Има одлично анимирана акција, подобра од многу други. Немам замерки.
Музика - И за овде чиста десетка. Opening и Ending Songs се супер. Еве можете и вие да ги слушнете:
*Првата Opening song е на почетоткот на мислењето.
*Еве ја втората:
*Првата Ending Song:
*Втората Ending Song:
*The OSTs се сите супер, посебно Vogel im Kafig и онаа другото не знам точно како се вика, но мислам дека OST 1.
Еве и видео oд OST 1 (за Vogel im Kafig видео ќе ви покажам во следниот пост бидејќи не може повеќе од 5 видеа во еден пост).

Од мене: 10/10.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Еве ја и Vogel im Kafig од Attack on Titan:
Ова беше најдоброто видео кое можев да го најдам. Имаше и друго, поубаво, но мислам дека Youtube ги брише.
Еве и оваа со Rainymood.

*Еден факт:
Некаде околу 10 август оваа година бев тотално опседната со Vogel im Kafig. Jа слушав секој ден, научив дури и да ја пеам. Се сеќавам, отидов на роденден кај една дома и таму на компјутерот ја пуштивме. Но, потоа се разболев и повраќав. Па дури кога примав инфузија, бидејќи ми беше досадно, си ја пеев во себе. Па, откако оздравев, ми беше гадно да ја слушам бидејќи ме потсеќаше на повраќање....Но, потоа се навикнав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Brother, Dear Brother
(Oniisama e; Dear Brother)
Стара серија која не е многу позната, но мене ми се допаѓа. Автор на мангата е Риоко Икеда, првата женска mangaka (која сега работи како пејачка).
Brother, Dear Brother e втората серија која ја имам гледано од Икеда (а мислам дека има вкупно две анимирани серии, се друго е само манга). Првата беше Rose of Versailes, која исто таке беше супер.
42363m.jpg

Инаку, дејството се случва некаде 1980. Можеби има некои елементи на сапуница, но мене ми е супер.
Приказна: Нанако Мисоноо е 16 годишна девојка, ќерка (не вистинска) на професор. Таа треба да оди во средно училиште, Академија Сеиран, all-girls приватна академија (ако добро се сеќавам).
Сите важни моменти во животот на Нанако се случуваат кога врне. Така, еден дождлив ден, кога Нанако сеуште била мала и шетала со чадор по градината, дошло некое момче и само стоело и молчело. Таа го прашувала кој е, но тој само молчел и побегнал.
Кога Нанако била сеуште во основно, дошол наставник - замена на некој друг за кратко време. На последниот час кој им го одржал, таа му дала нејзина адреса и му рекла „Ќе бидеш ли мојот брат“? Таа сакала да му пишува писма, но тој не мора да одговара, доволно е само да ги чита. Тој и рекол дека може, но да почне тоа да го прави откако ќе почне да оди во средно. Таа прифаќа.
Во академијата има еден училишен совет, Сорорити. Во него учествуваат само најдобрите учеици и децата на успешни луѓе. Тие имаат најмногу привилегии. Нанако ги запознава „големите три“, трите најпопуларни и најуспешни ученички: Фукико Ичиномија (Мија), Реи Асака (Lady Saint Just), Каору Орихара (Kaoru no Kimi: Prince Kaoru).
И така проблемите почнуваат...Нанако е повикана во Сорорити...
Ликови:
-Нанако Мисоноо- Млада, наивна девојка која се соочува со реалниот свет. Целата серија ја гледаме низ нејзините очи и нејзините писма до „брат и“. Онака, слатка, мирна, добра.
-Реи Асака - Девојка во машка облека. Мистериозна, чудна...Популарна меѓу ученичките иако сите многу малку знаат за неа. Одлична пијанистка, флејтистка и виолинистка. Актерка и љубител на литература, посебно поезија. Благо психотична. Таа и Каору ми се омилени ликови.
Таа инаку користи дрога и има некоја чудна врска со Мија која е подоцна објаснета.
-Каору Орихара - Добра пријателка на Реи. Може да се нарече машкуданка. Капитен на кошаркарсиот тим во училиштето. Болна е од одредена болест (подоцна се дознава која болест) па затоа губи многу часови и повторно е прва година со Нанако. Таа го сака животот и и се лути на Реи затоа што си го уништува животот.
Каору и Реи не се членови на Сорорити.
-Марико Шинобу - Добра другарка на Нанако. Ќерка на порнограф која станува член на Сорорити. Вистинска дама. Но, на моменти е тежок психо (има причини). Престанува да биде дама секогаш кога некој ќе и спомне за татко и. Има страв од мажи и не им се доближува.
-Томоко Арикура - Единствен нормален лик во серијата. Другарка од детството на Нанако. Ведра, енергична и спремна на се за оние кои ги сака.
-Фукико Ичиномија - Претседателка на Сорорити, на врвот на училиштето. Почитувана и сакана од целото училиште. Замотана, завиткана, дволична, најди и го крајот ако можеш. Многу комплицирана личност. Има некоја чудна врска со Реи. Според мене - кучка.
Сепак, таа и би требало да биде кучка. Па, мислам дека сите ликови се одлични.
Анимација - Па и не може да се каже дека е добра, но ако сметаме дека серијата е стара, и не е толку лоша. За изгледот на ликовите немам замерки, се е супер. Па, мислам и дека старата анимација придонесува во атмосферата на серијата. Сепак, има лајк од мене.
Музика - Според мене, одлична. Малку старинско звучи, но мене ми е супер. Еве ги песните:
-Opening Song
Еве ја и целата:
-Еnding Song
Па, да не должам, и онака веќе доволно продолжив. Од мене, 10/10.
Следна анализа, Chu - Bra!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto