Алергии

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Од раѓање сум алергичен само на пеницилин.
Има луге кои добиле алергија на пеницлин и после земање на долги години пеницилин.препарати а и обратно,можно е да после некое време веке и да не си алергичен,сепак треба алерготест да се направи.Смешно е моево -алергична на алкохол.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Има луге кои добиле алергија на пеницлин и после земање на долги години пеницилин.препарати а и обратно,можно е да после некое време веке и да не си алергичен,сепак треба алерготест да се направи.Смешно е моево -алергична на алкохол.
од мал знам дека сум. Секогаш сум кркал лекови без него :)
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Имам алергии од мала,завршив во болница,ете така дознавме
 

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18
Ако имате сретнато човек со повеќе алергии од мене.. ама немате :D
Значи јас не сум родена со алергииве, ми се појавија со текот на годините. Најпрво станав алергична на лекови, како што се Амоксиклав и Пеницилин. За ова знам, затоа што некоја докторка ми препишала апчиња што содржат Амоксиклав иако знаела дека сум алергична, па добив внатрешен осип, среќа моите навреме реагирале, па не се случило полошо.
Потоа следи алергија на полен, со тоа попатно и алергија на липи, цветови нели, се што цвета, алергија на тутун, а со тоа и алергија на цигари. Не можам да опстанам во просторија каде што се пуши. У-МИ-РАМ!!
Исто така, не знам дали е тревата, или нешто што таа испушта додека се коси, но истите симптоми за полен ги имам доколку ја косиме тревата во дворот, или ако поминам негде каде што мириса на косена трева.
Исто така сум алергична на влакната од животните, ама тука не можам да си помогнам себе си, зашто животните ги сакам повеќе од луѓето.
Среќа уште не сум станала алергична на некоја храна, е тогаш не знам како ќе преживеам :giggle
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Имам нова алергија на храна, имам осип по цело тело дали имал некој искуство да сподели со мене околу оваа алергија ?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Пеницилин, линкоцин и сувомеснато.
Овие ми беа ко мала. Знам дека од нешто од овие имав ко некои модри пликови по грб, ама бев премала за да се сеќавам што и како. Тестовите што ми ги правеа го покажаа истото (тоа едни тестови што биле во 90ти, со сечење (worried)), ама еве сега јадам сувомеснато без проблем, сум привикнала со повремено изложување. Исто и со пеницилинот - пијам Цефалексин (а мислам и Амоксиклав имам пиено) без проблем, па може алергијата е преблага или само на чист пеницилин. Не знам, нема да е лошо да направам пак алерго-тест.

Многу сум среќна што немам некои алергии пошто гледам луѓе како се мачат со нешта што скоро не може да ги избегнеш: прашина, полен, кикиритки :zelen (би се рокнала да не можам да јадам путер), итн.
Ок, сум приметила дека некогаш од јајце многу ме чешаат бутовите и слабините, ама не е секогаш и се трпи.