Ако имате сретнато човек со повеќе алергии од мене.. ама немате
Значи јас не сум родена со алергииве, ми се појавија со текот на годините. Најпрво станав алергична на лекови, како што се Амоксиклав и Пеницилин. За ова знам, затоа што некоја докторка ми препишала апчиња што содржат Амоксиклав иако знаела дека сум алергична, па добив внатрешен осип, среќа моите навреме реагирале, па не се случило полошо.
Потоа следи алергија на полен, со тоа попатно и алергија на липи, цветови нели, се што цвета, алергија на тутун, а со тоа и алергија на цигари. Не можам да опстанам во просторија каде што се пуши. У-МИ-РАМ!!
Исто така, не знам дали е тревата, или нешто што таа испушта додека се коси, но истите симптоми за полен ги имам доколку ја косиме тревата во дворот, или ако поминам негде каде што мириса на косена трева.
Исто така сум алергична на влакната од животните, ама тука не можам да си помогнам себе си, зашто животните ги сакам повеќе од луѓето.
Среќа уште не сум станала алергична на некоја храна, е тогаш не знам како ќе преживеам