Комонвелтот на Австралија (англиски: Commonwealth of Australia) е држава која се простира на австралискиот континент и на неколку околни острови. Најблиските соседни држави се Нов Зеланд и Индонезија. Главен град е Канбера.
Во Австралија има шест сојузни држави; Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија, Западна Австралија, Квинсленд и Тасманијаи две територии; Територија на австралискиот главен град и Северната Територија.
Најголемите градови во Австралија се Сиднеј со над 4.300.000 жители, Мелбурн со над 3.800.000 жители, Бризбејн со над 1.800.000 жители и Перт со 1.500.000 жители.Австралија има вкупна површина од 7.617.930 километри квадратни. Австралија е опколена со мориња и океани, па така на исток се наоѓаат Коралното Море и Тасмановото Море, на север сеАрафурското Море и Тиморското Море, на југ и на запад е Индискиот Океан.
Најголемиот дел од австралиското копно е пустина или полу-пустински предел и со тоа Австралија е наречена како најрамен континент во светот со најстара и најнеплодна почва. Само јужниот и југоисточниот дел од Австралија се плодни и погодни за живот. Густината на населението на Австралија е 2.8 жители на километар квадратен и тоа ја прави една од најненаселените држави во светот. Северниот дел од Австралија е тропски со многу прашуми, шумски предели и пустини. Климата во Австралија е тропска и има влијание од ооколните океани и мориња.