Планините Бангл Бангл
Лавиринт од високи куполи во Западна Австралија е едно од најкревките планински подрачја во светот.
Под зраците на сонцето што заоѓа, врвовите и кањоните на планинскиот венец Бангл Бангл прават фантастична панорама што блеска како да гори одвнатре. Необичните куполи со линии се надвиваат над долината на реката Орд во Западна Австралија. Тој волшебен потсетува на некоја подводна фантазија.
Пругавите карпи и фантастичните набрекнати врвови се наоѓаат во една толку зафрлена област што до 80-тите години на 20 век таму дошле само неколку посетители. Дури и денес повеќето луѓе ги набљудуваат тие планини од воздух.
Овој планински масив што опфаќа површина од 450 км2 се наоѓа во пространата област Кимберли, каде што речиси и нема никакви човечки населби.
Во поголемиот дел од годината таму
владеат големи жештини, а
температурата во сенка достигнува 40 степени. Во текот на долгите сушни зимски периоди воопшто не паѓа дожд, а реките се претвораат во вдлабнатини исполнети со плитка вода. А потоа во дождливиот период што трае од ноември до март, планините се обвиткуваат во зелена боја. Водопади се стрмоглавуваат од блескавите езерца, а циклоните што доаѓаат од Индискиот Океан донесуваат толку дожд што реките ги поплавуваат долините, а патот што води до планината Бангл Бангл станува непрооден.