Австралија

TheFrisb

Староседелец
3 март 2012
97
161
1,043
Во друга галаксија :)
Комонвелтот на Австралија (англиски: Commonwealth of Australia) е држава која се простира на австралискиот континент и на неколку околни острови. Најблиските соседни држави се Нов Зеланд и Индонезија. Главен град е Канбера.
Во Австралија има шест сојузни држави; Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија, Западна Австралија, Квинсленд и Тасманијаи две територии; Територија на австралискиот главен град и Северната Територија.
Најголемите градови во Австралија се Сиднеј со над 4.300.000 жители, Мелбурн со над 3.800.000 жители, Бризбејн со над 1.800.000 жители и Перт со 1.500.000 жители.Австралија има вкупна површина од 7.617.930 километри квадратни. Австралија е опколена со мориња и океани, па така на исток се наоѓаат Коралното Море и Тасмановото Море, на север сеАрафурското Море и Тиморското Море, на југ и на запад е Индискиот Океан.
Најголемиот дел од австралиското копно е пустина или полу-пустински предел и со тоа Австралија е наречена како најрамен континент во светот со најстара и најнеплодна почва. Само јужниот и југоисточниот дел од Австралија се плодни и погодни за живот. Густината на населението на Австралија е 2.8 жители на километар квадратен и тоа ја прави една од најненаселените држави во светот. Северниот дел од Австралија е тропски со многу прашуми, шумски предели и пустини. Климата во Австралија е тропска и има влијание од ооколните океани и мориња.
 
  • Like
Реакции: Gemini and Minella

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,192
3,931
743
Нешто по што е позната Австралија:
И домородното племе Абориџини познати по нивните големи носеви како бабура. :)
 
  • Like
Реакции: Caci and Minella

Sara

Истакнат Член
13 февруари 2012
116
116
343
Имам роднини во Австралија и не само поради тоа туку и поради многу други причини сакам да го посетам овој континент.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Едно бележје на Австралија
Twelve Apostel,
Иако се нарекуваат 12-те апостоли, постојат само осум од нив. Туристи од целиот свет доаѓаат за да ја посетат оваа карпеста атракција. Опкружени со белите песочни плажи и тиркизниот океан во позадина, овие 12 апостоли се прекрасна живописна сцена. Формирани се од ерозија и се наоѓаат покрај брегот на Националниот парк Порт Кемпбел во Викторија на само 250km од Мелбурн, Австралија градот кој има голем процент на Македонци. Затоа советуваме, доколку имате прилика да "киднете" од ладнава ни наша Македонија и отидете на топлиот Југ посетете ги "апостолите"


 
  • Like
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Имам роднини во Австралија и не само поради тоа туку и поради многу други причини сакам да го посетам овој континент.
Дај нешто врски да барам преку тебе, за да се преселам таму. :D
 
  • Like
Реакции: cakar_ulav