Исто и во тој случај го оправдувам
Oд аспект на ембрионот.
Што тој погрешил при силување, за да биде абортиран; и зошто треба да се помилува оној кој е зачнат без насилство?
Исто и во тој случај го оправдувам
Епа ембрионот е многу јасно дека неможе сам да се создаде во матката на жената, потребни се сперматозоиди за неговото оформување, само што при силување претставува несакан плод што не дошло до сакан секс туку на сила е направено тоа. Во случај кога е настанат без насилство, тогаш не е крив затоа што на тие двајца додека им било убаво тие 15-20 мин. не мислеле што прават и како прават, и не мислеле да не направат грешка за време на тоа...Oд аспект на ембрионот.
Што тој погрешил при силување, за да биде абортиран; и зошто треба да се помилува оној кој е зачнат без насилство?
Потполно се согласувамСе согласувам доколку се воспостави од медицинска страна некое пореметување, кое би било критично за самата мајка, или пак доколку е установено дека детето би имало некакви маани. Иначе во други случаеви не, бидејќи требало порано да се мисли и пази за тоа, а не откако ќе бидне...
Епа ембрионот е многу јасно дека неможе сам да се создаде во матката на жената, потребни се сперматозоиди за неговото оформување, само што при силување претставува несакан плод што не дошло до сакан секс туку на сила е направено тоа. Во случај кога е настанат без насилство, тогаш не е крив затоа што на тие двајца додека им било убаво тие 15-20 мин. не мислеле што прават и како прават, и не мислеле да не направат грешка за време на тоа...
Јас сум строго ПРОТИВ АБОРТУС
Зошто? Прв пат остануваш бремена и во себе носиш богаство,дар од Бога, со причина ти го дарувал тоа богаство. Некаде на јутуб гледав како се прави абортус, што е страшна процедура, незнам дали е дозволено да се постави тоа видео тука. Зошто да убијам невино душице кое сака да дојде на нашиот свет? Зошто да му ја одземам шансата за живот кога можам да се борам за него, да се мачам и да плачам, да се радувам. Се додека не станете мајки нема да знаете каков е допирот на мајката со новороденчето, чувството. Прекрасно. Не абортирајте дарувајте живот. Знам дека е ваша одлуката, но одлуката била и на вашите кои ве родиле а ве оставиле или ве напуштиле. Не правете го тоа на вашето бебе, не правете ја грешката на родителите, бидете подобри од нив. Дарувајте му живот живејте за него.
Да за абортус. Кои сме ние да судиме за туѓите грешки и да делиме казни? Секој треба да има право на избор.
Не е тоа процес низ кој било кој би сакал да помине - тоа е траума. Сепак, секој сам треба да одлучи на кој начин ќе ја реши ситуацијата во која се нашол. Еден живот имаме, а грешки сите правиме, свесно или несвесно. Добро е кога би можеле да најдеме начин како најбезболно да ги исправиме.
Сакам деца, но вреди ли, по секоја цена да се да се роди дете кое на свет ќе дојде непожелно, во рацете на родители неподготвени да го водат низ животот?
Од друга страна, постојат многу млади луѓе кои се одлучиле на другата варијанта - да дадат живот. Тоа е апсолутно за поддршка, ако девојката ( а и момчето ) се подготвени за тој чекор. Децата се светост.