Јас сум ЗА. А тоа дека само девојката има право да одлучи дали ќе го роди (зборам во нормална врска а не силување или аномалии на фетусот) не бидејќи и таткото треба да има право на збор. Исто како што апсолутно не се согласувам дека девојката е крива ако остане бремена. Па таа сигурно не забременила кога мастурбирала. Или се се сведува на тоа машкото да си заврши работа па неа кој ја врти? Не е така, како што можел да има секс со неа и да ужива така и ќе се носи со последиците кои произлегуваат од тоа. Без разлика дали е тоа девојката што ја сака најмногу или некоја one night stand девојка. Лесно е од аспект на машка страна: сврши си работа и те боли таквото после за се, а неа како и е? Па таа не е најдена на улица, сепак заслужува и поддршка и секаква поткрепа а од кого ако не од тој што е директно инволвиран во тоа, во случајот потенцијалниот татко. Затоа постои заштита, затоа постојат апчиња за контрацепција, затоа постојат апчиња што се пијат 24 саати после сомнителниот настан, на крај краева затоа и треба искрено да и се каже на девојката ако посто сомнеж за направна беља. И покрај се, со оглед на времето и државата во која живееме, со едвај просечниот живот со кој се тешиме, најчесто еден просечен пар не е во состојба сами да се издржуваат со мизерните плати (ако воопшто имаат работа) а камо ли да имаат дете. Да убаво е да имаш бебе, слатко мало ќе си играш со него ќе го гњавиш, ќе ти го прави среќен секој ден од животот, ама што е со неговата иднина? Зашто да го правам ако не сум во состојба да му обезбедам соодветни услови? Не било во духот на христијанството да се абортира, епа нека дојде христијанскиот дух утре да му ги обезбеди сите потребни услови и средства за живот а знаеме дека како растат се повеќе се зголемуваат нивните потреби, пред се за образование било формално или неформално. Ако се забрани абортустот одма ќе се доведеме во ситуација кај што ќе биде забранет само на хартија, ќе се врши абортус на диво кај самопрогласени доктори или некои wanna be доктори со сомнителни дипломи (најчесто од одредени квази држави од соседството), кои ќе ги вршат тие абортуси по станови и импровизирани простории по некои села, без соодветна опрема, хигиена и дезинфекција. И зашто да имаме таква ситуација кога фино поштено може да си отиде девојката во нормална болница каде стручен кадар со соодветна опрема и услови ќе го изврши тоа?