Џихад пред портите или само паника?

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Пријателе, форумот е за дискутирање и за согледување на различни мислења, не за негирање на истите. Ако некое од нив за тебе е нонсенс тоа треба да си го задржиш са себе, бидејќи тоа баш не развива дискусија. Не сфаќам според тебе кое прашање го избегнувам. Јас разбирам што сакаш да кажеш ти, но очигледно ти мене не ме сфаќаш. Се согласувам дека се подеднакво зло и тоа и тоа. Ако едното има поголеми следбеници не значи дека и тоа со помалку не е еднакво зло. И тие со милиони приврзаници и тие со десетина нека се, пак се закана за опшеството. Јас никаде не спомнав дека до сега по бројот на жртви, злодела, приврзаници или центри за перење на мозоци тежиштето е во рамнотежа. Напротив, кога ме праша ти кажав дека квантитативно не ги поистоветувам едното со другото. Но тоа не ги прави различни едни од други. Можеби начинот на дејствување е различен, и на политички, економски, материјален па и финансиски пристап, но целта е иста.
Да, на форум сите треба да дискутираме за тоа како сите сме во право. Јако. Цело време се вртиме во круг и јас многу убаво сфаќам што сакаш да кажеш. Можеш да повториш уште стопати дека станува за исто зло, но џабе кога фактите не се твоја страна. А болдот, ама без навреда, е можеби најголемата небулоза што ја имам прочитано на форумов. И јас еве по стоти пат ќе повторам, да точно е дека радикал си е радикал, нема разлика, НО кога една врста на радикализам има милиони приврзаници кои активно работат кон уништување на секуларните слободи, прилично е идиотски да ги изедначуваш со ситни групации без никакво реално влијание или моќ. Мора да се подредат приоретите и да се воочи кој е вистинската закана наместо да се глуми широкград либерал со ставање на знак еднакво на се. Ќе го повторам и она што го напишав во претходниот пост. Затоа што упорно ли упорно повторуваш дека сите радикални групи без разлика на бројноста и агресивноста претставуваат иста опасност, дали некои еврејските радикали низ Европа своевремено претставувале иста опасност како и нацистите? И тука ако кажеш Да или ми дадеш некој магловит дипломатски одговор, тогаш стварно нема надеж...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Е ај сега биди објективна, земи спореди ги групацииве што ги наброја со сите исламистички групации. Иначе, крајно десничарските групи низ Европа растат како директна последица на фашизоидното однесување на исламистите. Ете спореди ги злосторствата на Lord's Resistance Army со оние на стотиците исламистички движења низ Aфрика. Спореди ги English Defence League со тамошните исламисти. Земи спореди го бомбашот од Атланта со Ал Каеда и било која исламистичка група. Приметуваш дека некако се мачиш со наоѓање на сегашни примери, па мораш да се враќаш назад со децении, а чудно Брејвик како не го спомна...

Поентата ми едноставна, на секој злостор направен од христијански фундаменталист јас можам да ти извадам сто направени од исламисти. Како тогаш можеш да кажеш дека е исто? Па види ги човече најрадикалните христијани во САД, Westboro Baptist Church. Па они се срценца во споредба со исламистите... Камо среќа и муџахединиве да беа такви, светот немаше да има никаков проблем со нив...

Со изедначување на двете врсти фундаментализам само замижуваш пред вистинскиот проблем...


Oh, i am dead serious. Прошетај малку, ситуацијата не е ваква само во Лондон.http://www.dailymail.co.uk/news/art...uburb-worrying-social-moral-implications.html - си оперираат и шеријатски судови, имаш шеријатски патроли.


Сум бил во Лондон, некако не приметив дека има опсада или дека луѓето прават барикади и контролни пунктови.
На линкот гледам некој лик кој изјавил дека ќе правеле шеријат. Како само Дејли мејл стигнал до безначајниот лик е нејасно. Сензационалистичкиот наслов е идиотизам сам по себе. `Влегувате во шеријатска Британија`. Класично сеење паника. Ниту има ниту ќе има шеријат во Лондон.
И тој и неговите блиски потпаѓаат под english common law така да сите срања кои евентуално би ги направил би биле санкционирани.
Шеријатски патроли, врв. :D

Во што се состои (најголемата) опасност за западната цивилизација?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да, на форум сите треба да дискутираме за тоа како сите сме во право. Јако. Цело време се вртиме во круг и јас многу убаво сфаќам што сакаш да кажеш. Можеш да повториш уште стопати дека станува за исто зло, но џабе кога фактите не се твоја страна. А болдот, ама без навреда, е можеби најголемата небулоза што ја имам прочитано на форумов. И јас еве по стоти пат ќе повторам, да точно е дека радикал си е радикал, нема разлика, НО кога една врста на радикализам има милиони приврзаници кои активно работат кон уништување на секуларните слободи, прилично е идиотски да ги изедначуваш со ситни групации без никакво реално влијание или моќ. Мора да се подредат приоретите и да се воочи кој е вистинската закана наместо да се глуми широкград либерал со ставање на знак еднакво на се. Ќе го повторам и она што го напишав во претходниот пост. Затоа што упорно ли упорно повторуваш дека сите радикални групи без разлика на бројноста и агресивноста претставуваат иста опасност, дали некои еврејските радикали низ Европа своевремено претставувале иста опасност како и нацистите? И тука ако кажеш Да или ми дадеш некој магловит дипломатски одговор, тогаш стварно нема надеж...


Ситни групации на секуларниот запад како US Army, Marine corps, Navy, Air Force, British Royal Army, Royal Marines...:D
Во името на демократијата и западните секуларни вредности беа извршени напади врз неколку земји. Бројот на мртви е тешко да се утврди, но станува збор за седумцифрена вредност.
Секуларниот запад изврши агресии, окупации и воени интервенции. Има свои марионетски режими кои без подршка на истиот запад - ќе ги снема од сцената во исламските земји. Наведи барем еден еквивалент на ова од спротивната страна. Некако ми делува дека секуларниот запад е поголема закана за исламскиот свет отколку обратно. И покрај шеријатската патрола :D (добро име за бенд, шарја патрол)

Освен секако, С.Арабија. За најголемите финансиери на исламскиот фундаментализам и земја со еден од најтиранските режими во светот - погоди што - нема ни санкции, ни интервенција, ни блокада....нема наслови по дејли меил за нив...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Инаку, интересен став...рисјанството правеше што правеше, држеше цел континент во игноранција и мрак цел милениум, по малку масакрираше и геноцидираше по други континенти, палеше вештерки и научници ама ете се секуларизира и нема проблем.
Пренесено и на исламот, можеби за 100 години сите земји со доминантно исламска популација ќе се секуларизираат, нема да каменуваат жени и да сечат клиториси, само треба да се има трпение, како и со рисјанството. Не дека се сами по себе зло, there are bad apples...:D
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Сум бил во Лондон, некако не приметив дека има опсада или дека луѓето прават барикади и контролни пунктови.
Не ми шверцувај аргументи, не реков дека во Лондон владее шеријат, туку во одредени квартови веќе владее шеријатски закон. Вака сега, јас да те едуцирам на темава немам намера, имаш две опции, или да останеш со главата во песок или едноставно да прогуглаш sharia law london, па потоа ставај смајлиња. Многу е смешно кога вака неинформиран глумиш сезнајко. Успат, провери и нешто за другите западноевропски градови, на пример Париз и како и таму работите се влошуваат.

http://www.gatestoneinstitute.org/2487/french-suburbs-islamic-societies
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не ми шверцувај аргументи, не реков дека во Лондон владее шеријат, туку во одредени квартови веќе владее шеријатски закон. Вака сега, јас да те едуцирам на темава немам намера, имаш две опции, или да останеш со главата во песок или едноставно да прогуглаш sharia law london, па потоа ставај смајлиња. Многу е смешно кога вака неинформиран глумиш сезнајко. Успат, провери и нешто за другите западноевропски градови, на пример Париз и како и таму работите се влошуваат.

http://www.gatestoneinstitute.org/2487/french-suburbs-islamic-societies


Ќе едуцирал бе...:)
Не реков никаде дека ти си кажал дека има шеријат, реков дека некој лик во Лондон изјавил дека ќе правеле шеријат.
На линкот гледам некој лик кој изјавил дека ќе правеле шеријат
Не постојат квартови каде што владее шеријатски закон, постојат некои муслимани кои своите проблеми ги арбитрираат преку шеријатски судови. Дали сфаќаш? Сето тоа нема допирна точка со никој кој сам не се подложува на тоа. Една шака дебили, без разлика дали е Париз или Лондон. Ако своите срања се обидат да ги прошират надвор од тој круг на дебили кои самите се ставаат под надлежност на шарја судот, ќе бидат елиминирани. Бројот на муслимани кои don`t give a shit за исламот е многу поголем од ваквите дебили. Дакле, муслимани по раѓање кои пијат, ждерат сланина, дуваат трева и го прават се она кое ги трауматизира имамите :D

Пак да прашам, во што се состои (најголемата) закана?
Што е тоа (со главата во песок) кое не можам да го видам?
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Ситни групации на секуларниот запад како US Army, Marine corps, Navy, Air Force, British Royal Army, Royal Marines...:D
Во името на демократијата и западните секуларни вредности беа извршени напади врз неколку земји. Бројот на мртви е тешко да се утврди, но станува збор за седумцифрена вредност.
Секуларниот запад изврши агресии, окупации и воени интервенции. Има свои марионетски режими кои без подршка на истиот запад - ќе ги снема од сцената во исламските земји. Наведи барем еден еквивалент на ова од спротивната страна. Некако ми делува дека секуларниот запад е поголема закана за исламскиот свет отколку обратно. И покрај шеријатската патрола :D (добро име за бенд, шарја патрол)

Освен секако, С.Арабија. За најголемите финансиери на исламскиот фундаментализам и земја со еден од најтиранските режими во светот - погоди што - нема ни санкции, ни интервенција, ни блокада....нема наслови по дејли меил за нив...

Многу јаки споредби... Не знаев дека во името на демократија и секуларизмот се извршени тие напади, јас мислев дека беа во името на интересите на корумпираните политичари. Уствари саркастичен беше. Всушност, гледајќи ја заостанатоста на тие општества, пар бомби не би им штетеле... Шала. Она што е интересно е што секуларните диктатори кои беа отстранети со помош на западот за време на Арапската пролет ги држеа тамошните исламисти in check, сега тие се власт и ситуацијата денес е уште полоша. Заради идиотизмот на западните политичарите и од аспект на надворешна политика и од политика на имиграција страда обичниот народ, како и секогаш...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Многу јаки споредби... Не знаев дека во името на демократија и секуларизмот се извршени тие напади, јас мислев дека беа во името на интересите на корумпираните политичари. Уствари саркастичен беше. Всушност, гледајќи ја заостанатоста на тие општества, пар бомби не би им штетеле... Шала. Она што е интересно е што секуларните диктатори кои беа отстранети со помош на западот за време на Арапската пролет ги држеа тамошните исламисти in check, сега тие се власт и ситуацијата денес е уште полоша. Заради идиотизмот на западните политичарите и од аспект на надворешна политика и од политика на имиграција страда обичниот народ, како и секогаш...


Точно, само што исламистот не ги гледа тие работи така, тој гледа како западот го сквернави третиот најважен исламски град (Карбала) како хедонистичкиот запад масакрира исламски жени и деца, потоа тука е Израел, и сето тоа се врти во круг.
Да не постирам видеа со Буш и Блер за тоа како ги чуваат демократските западни вредности (деј вона дистрој аур веј оф лајф) и потребата за преемптивни напади.
Но истото би можело да се каже и за исламот, тие кои прават срања не се прави муслимани, како што оние кои пукаат со седмоцевни ротирачки топови со зрна со јадро од осиромашен ураниум не се прави претставници на западните вредности...
Ако исламот е срање (што и е), што станува со секуларниот запад кој убива на големо, за нечии профити!?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: steppenwolf

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Пак да прашам, во што се состои (најголемата) закана?
Што е тоа (со главата во песок) кое не можам да го видам?

Најпросто кажано, проблемот се состои во тоа што таа шака дебили нагло се зголемува во Европа, и истата се гетоизира и создава лека полека свои паралелни општества со начела кои цивилизациски не припаѓаат во Европа. Шведска, Данска, Холандија, Франција, Британија, за неколку децении ќе имаат огромен проблем баш поради тој наплив на имигранти. Точно е дека ситуацијата во Лондон денес не е критична, но тоа нема да биде случајот за пар децении ако се продолжи по ист терк. Едноставно мора искорени овој проблем затоа што
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Уште повеќе е интересно како тоа најрадикалниот, најзатуцан режим (С.Арабија) кој притоа е и најголем финансиер на фундаменталистички срања - останува чист како солза на меѓународната сцена.
За разлика од секуларниот режим во Сирија, кој е сатанизиран.