Да, на форум сите треба да дискутираме за тоа како сите сме во право. Јако. Цело време се вртиме во круг и јас многу убаво сфаќам што сакаш да кажеш. Можеш да повториш уште стопати дека станува за исто зло, но џабе кога фактите не се твоја страна. А болдот, ама без навреда, е можеби најголемата небулоза што ја имам прочитано на форумов. И јас еве по стоти пат ќе повторам, да точно е дека радикал си е радикал, нема разлика, НО кога една врста на радикализам има милиони приврзаници кои активно работат кон уништување на секуларните слободи, прилично е идиотски да ги изедначуваш со ситни групации без никакво реално влијание или моќ. Мора да се подредат приоретите и да се воочи кој е вистинската закана наместо да се глуми широкград либерал со ставање на знак еднакво на се. Ќе го повторам и она што го напишав во претходниот пост. Затоа што упорно ли упорно повторуваш дека сите радикални групи без разлика на бројноста и агресивноста претставуваат иста опасност, дали некои еврејските радикали низ Европа своевремено претставувале иста опасност како и нацистите? И тука ако кажеш Да или ми дадеш некој магловит дипломатски одговор, тогаш стварно нема надеж...Пријателе, форумот е за дискутирање и за согледување на различни мислења, не за негирање на истите. Ако некое од нив за тебе е нонсенс тоа треба да си го задржиш са себе, бидејќи тоа баш не развива дискусија. Не сфаќам според тебе кое прашање го избегнувам. Јас разбирам што сакаш да кажеш ти, но очигледно ти мене не ме сфаќаш. Се согласувам дека се подеднакво зло и тоа и тоа. Ако едното има поголеми следбеници не значи дека и тоа со помалку не е еднакво зло. И тие со милиони приврзаници и тие со десетина нека се, пак се закана за опшеството. Јас никаде не спомнав дека до сега по бројот на жртви, злодела, приврзаници или центри за перење на мозоци тежиштето е во рамнотежа. Напротив, кога ме праша ти кажав дека квантитативно не ги поистоветувам едното со другото. Но тоа не ги прави различни едни од други. Можеби начинот на дејствување е различен, и на политички, економски, материјален па и финансиски пристап, но целта е иста.