Џихад пред портите или само паника?

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Не се разбираме, јас не реков дека ти пречи исламот туку мојот прв пост беше за општите предрасуди кон религиите кои беа посочени, а не кон радикализмот.
Секој со своето гледање на работите. Тоа е мојот став. За мене се исто зло. И да е 1 приврзаник на 1000, намерата е иста. Не е квази-либерал, напротив. Дали ако една личност настрада или е жртва на радикализмот, е битно од кое крило потекнува? Дали ќе го врати човекот назад? Јас мислам дека не.
Се е тоа убаво, не треба да се прават поделби, зло си е зло. Јас сум против секој вид на радикализам, исто така сум против сечењето на дрвја во Јужна Америка, борби со кучиња и сакам да има мир во светот. Ајде сега да ја тргнеме празната декларативност на страна и да продискутираме за она што се одразува на фактичката состојба на теренот.

Едноставно прашање, дали сметаш дека исламскиот фундаментализам претставува иста опасност за нашите слободи како и христијанскиот фундаментализам?
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.

За едниот очигледно е празна декларативност а за другиот барање игла во сено. Нејсе, изразено во бројки - не, како појава - и те како да.
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Нејсе, изразено во бројки - не, како појава - и те како да.
:eek

Аха, значи и двете појави се еднакво опасни како појави, ама едната појава е поопасна од другата затоа што има далеку поголем број приврзаници.

:giggle

Па тоа едноставно значи дека не се иста опасност. Најубаво ќе беше во случајов да признаеш дека не си во право наместо да ми дадеш "Yeah, no" oдговор. Батали на крај краева, секоја понатамошна дискусија губи смисла ако не можеш да воочиш дека ситни радикални групи како Westboro Baptist Church не претставуваат еднаква опасност како ордите фанатици со средновековен менталитет кои се населуваат низ Европа.
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
:eek

Аха, значи и двете појави се еднакво опасни како појави, ама едната појава е поопасна од другата затоа што има далеку поголем број приврзаници.

:giggle

Па тоа едноставно значи дека не се иста опасност. Најубаво ќе беше во случајов да признаеш дека не си во право наместо да ми дадеш "Yeah, no" oдговор. Батали на крај краева, секоја понатамошна дискусија губи смисла ако не можеш да воочиш дека ситни радикални групи како Westboro Baptist Church не претставуваат еднаква опасност како ордите фанатици со средновековен менталитет кои се населуваат низ Европа.

Двете појави се подеднакво опасни, а другата има повеќе приврзаници на тоа мислев. Квантитативно побројни но подеднакво опасни. Кога не можеш да сфатиш што сакаат да кажат некои луѓе секако дека се губи смислата на секоја дискусија. Без разлика дали се ситни или крупни сепак се радикални. Сепак фала што (ако) проба да разбереш што сакав да кажам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Двете појави се подеднакво опасни, а другата има повеќе приврзаници на тоа мислев. Квантитативно побројни но подеднакво опасни.
Аха, двете појави се подеднакво опасни, иако другата има многу повеќе приврзаници кои заборави да напоменеш дека се и далеку поагресивни и понасилни. Ама да, исто е, маргинализирани групи со мал број на членови се иста опасност како и муџахедински орди... Логика пар екселанс.

Ајде преку прост пример ќе пробам да ти ја укажам грешката во размислувањето. Трпе и Митре те мразат со ист интензитет. И двајцата би сакале да те видат мртва. Но, Трпе е еден човек, и не сака да те убие од страв да не заглави во затвор. На Митре од друга страна не му е страв, активно планира да те убие и има грб од стотина души. Дали омразата на Трпе и Митре е подеднакво опасна за твојата безбедност?
 
Не знаев дека не постои портофилио на размислувања за една работа и дека седен човек мора да е во право , секогаш.
Извини, ти да не им светеше дека се поопасни и поагресивни? Ако сака да те убие некој - ќе те убие... Без бајки и приказни. И еден е опасност и 2, 50, 100, 1000 се опасност.
Ако некој има различен став од твојот не значи дека е погрешен, ниту исправен.
Сепак фала ти.
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Не знаев дека не постои портофилио на размислувања за една работа и дека седен човек мора да е во право , секогаш.
Извини, ти да не им светеше дека се поопасни и поагресивни? Ако сака да те убие некој - ќе те убие... Без бајки и приказни. И еден е опасност и 2, 50, 100, 1000 се опасност.
Ако некој има различен став од твојот не значи дека е погрешен, ниту исправен.
Сепак фала ти.
Не се лути, дискутираме. И пак добив дипломатски одговор без никаква суштина. Иначе, Трпе не сака да те убие, Митре сака и веќе тргнал да го изврши тоа (и успат да ти ја запали ќуката) заедно со стотина души позади него. А пази, и двајцата еднакво те мразат. Според логиката која ја примени врз различните форми на регилиски фундаментализам, и Трпе и Митре претставуваат еднаква опасност за тебе, што е нонсенс.
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Не се лути, дискутираме. И пак добив дипломатски одговор без никаква суштина. Иначе, Трпе не сака да те убие, Митре сака и веќе тргнал да го изврши тоа (и успат да ти ја запали ќуката) заедно со стотина души позади него. А пази, и двајцата еднакво те мразат. Според логиката која ја примени врз различните форми на регилиски фундаментализам, и Трпе и Митре претставуваат еднаква опасност за тебе, што е нонсенс.

За тебе е нонсенс. За мене не е. Квантитетот не е мерило за мене за злочинот што може да се нанесе, а уште помалку агресивноста . И тие и тие се радикали нели?
Да се навратам на примерот, ако не сака да те убие - не е радикал, очигледно се паѓа во вода.
Не се лутам туку ме иритира отвореното негирање на туѓиот став. Можеби не е исправен за тебе, што не е правило за некој друг.
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
За тебе е нонсенс. За мене не е. Квантитетот не е мерило за мене за злочинот што може да се нанесе, а уште помалку агресивноста . И тие и тие се радикали нели?
Да се навратам на примерот, ако не сака да те убие - не е радикал, очигледно се паѓа во вода.
Не се лутам туку ме иритира отвореното негирање на туѓиот став. Можеби не е исправен за тебе, што не е правило за некој друг.

Ти го дадов најпростиот можен пример што можев да го смислам, и тој не успеа да го сфатиш. Како тоа, штом се нема решено да убие, не е радикал? Значи ретардосите од Вестборо не се радикали затоа што немаат убиено никого? Не се наврати на прашањето, туку пак проба да го избегнеш. Во врска со отвореното негирање, за тоа служи форумов. Или ајде да баталиме секаква дискусија, сите сме во право за се. Демократија, нели... За крај, квантитетот е итекако мерило, затоа што силата е во бројноста, а колку повеќе им расте бројот толку повеќе се зголемува бројката на злочини. Болдот е исто како да кажеш дека некоја мала група на еврејски радикали во 30-тите претставувала иста опасност како и нацистите, зошто ете, агресивноста и квантитетот не биле мерило...
 
Пријателе, форумот е за дискутирање и за согледување на различни мислења, не за негирање на истите. Ако некое од нив за тебе е нонсенс тоа треба да си го задржиш са себе, бидејќи тоа баш не развива дискусија. Не сфаќам според тебе кое прашање го избегнувам. Јас разбирам што сакаш да кажеш ти, но очигледно ти мене не ме сфаќаш. Се согласувам дека се подеднакво зло и тоа и тоа. Ако едното има поголеми следбеници не значи дека и тоа со помалку не е еднакво зло. И тие со милиони приврзаници и тие со десетина нека се, пак се закана за опшеството. Јас никаде не спомнав дека до сега по бројот на жртви, злодела, приврзаници или центри за перење на мозоци тежиштето е во рамнотежа. Напротив, кога ме праша ти кажав дека квантитативно не ги поистоветувам едното со другото. Но тоа не ги прави различни едни од други. Можеби начинот на дејствување е различен, и на политички, економски, материјален па и финансиски пристап, но целта е иста.