Џихад пред портите или само паника?

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
Сите вие што го обвинувате Христијанството за убиства грешите многу. Тие што убивале не убивале во името на Господа затоа што Господ ги сака сите свои чеда подеднакво, а вистинските негови поданици никогаш не би направиле смртен грев без покајание. Потсетете се само на Авраамовото воинство и како тој се вратил и ја освоил ветената земја и ќе видете колку е моќна Божјата волја. Ако Бог сака нешто, тој не ги праќа своите поданици да убиваат.

Сериозен си? http://dobro.in/mk/4/31 поточно овој дел:
1. И му рече Господ на Мојсеја велејки:
2. 'Одмазди им се на Мадијамците поради синовите Израилеви, и потоа ке се прибереш при народот свој.'
3. И му рече Мојсеј на народот велејки: 'Вооружете ме у вас лу е за војна, за да тргнат против Мадијамците, да извршат одмазда Господова над нив;
4. испратете во војна по иљада од племе, од сите племиња на синовите Израилеви.
5. И од иљадниците Израилеви беа одделени по иљада од секое племе, вкупно дванаесет иљади вооружени за војна.
6. И ги испрати Мојсеј во војна, по иљада од секое племе, нив и Финес, синот на свештеникот Елеазар, Аронов син, со светите сосуди и со труби за тревога в рака.
7. И отидоа во војна против Мадијам, како што му заповеда Господ на Мојсеја, и ги убија сите од машки пол;

И овој дел:

И се разгневи Мојсеј на воените началници, иљадниците и стотниците, што се беа вратиле од војната,
15. па им рече: 'Зошто ги оставивте живи сите жени?
16. ете тие, по советот на Валаама, беа станале причина синовите Израилеви да отстапат и да ги презрат наредбите од Господа, заради Фегор, затоа и дојде оној пораз врз народот Господов.
17. А сега, убијте ги сите деца од машки пол, убијте ги и сите жени, што познале маж на машко легло;
18. а сите деца од женски пол, кои не познаел машко легло, оставете ги живи за себеси.

Насилство? Убивање во име на бог? во библијата? Никако...
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
како тоа секаде има исклучоци ама не и кај муслиманите? Конфузно е. Слободно имај мислење. јас не те спречив во тоа, само дебатирам.

Реков дека кај секој народ има исклучоци, секаде значи, по значи и кај муслиманите, шо не сум сретнала таква личност затоа што не контактирам со таков тип на луѓе.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
Реков дека кај секој народ има исклучоци, секаде значи, по значи и кај муслиманите, шо не сум сретнала таква личност затоа што не контактирам со таков тип на луѓе.

сега разбирам и ке ти ке ти кажам дека нема ни да сретниш таква личност зашто одбиваш да контактираш. Губиш само вредни познанства со таквиот став..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
сега разбирам и ке ти ке ти кажам дека нема ни да сретниш таква личност зашто одбиваш да контактираш. Губиш само вредни познанства со таквиот став..

Хм можи не велам не. Само не верувам дека ќе ме убеди некој да контактирам со оглед шо имам негативно мислење за нив. Но, никогаш не вели никогаш :) пак ќе повторам секогаш има исклучок.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jackal

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тешко е да се најде квалитативна разлика меѓу религиите и најголемиот дел од нивните припадници,но тоа и не е важно.
Темава повеќе е во однос на медиумскиот правец кој постои последниве години и општото мнение кај луѓето кое (needles to say) се движи во ист правец а тоа е дека постои исламски заговор за уништување на западниот начин на живот и започнување на Џихад, света војна против неверниците (сите оние кои не се муслимани, плус оние кои се муслимани но не се сунити) .

Друг медиумски правец оди кон старата добра генерализација, `сите се исти` и повторно, мнозинството население го дели тој став.

Дали постои реална закана или сите инциденти може да се окарактеризираат како перење мозок?
Нема сомнеж дека кралското семејство Ал-Сауд и нивната приватна хациенда наречена Саудиска Арабија се големи финансиери на најразлични фундаменталистички организации (вехабисти, муџахедини) и терористички групи. Покрај тоа, на големо финансираат отварање исламски центри, каков што има во Скопје.

Но она што ме наведе на сомнеж се некои инциденти кои осамнаа на главните вести или насловните страни.
Пред некое време имаше убиство на британски војник во Лондон кое осамна на насловни страници и во ударни вести. Имавме индивидуализација на жртвата, со име и презиме, што бил и кој бил, колку тажни биле родителите, која му била омилена боја...
Потоа имаше и некаков инцидент во Париз, без смртни последици.
Спротивно од тоа, илјадниците (милиони?) мртви во Ирак, Афганистан, Либија и Сирија се безимени, неперсонални случаи и во вид на статистика се наоѓаат во внатрешните страни на весниците или на сајд-бар на вести. Тие немаат родители кои тажат, немаат кариера, немаат омилена боја. Бројка.

Според мене е малку смешно да се зборува за постоење на закана од Џихад ако се знае колку муслимани убија западните сили последниве 12 години, во колку земји има марионетски режими на САД, во колку земји контролата врз ресурсите е во западни раце.
А Саудиска Арабија иако главен финансиер и организатор на фундаменталистите - не само што не е под ембарга, санкции,блокади,закани......туку е омилен клиент на западот. Something`s not right here...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Big Berta and Saladin

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Секоја фундаменталистичка , религиски или друга радикална група е опасна. Најмоќното оружје против слободата на човекот е контролата на умот( или глобално перење на мозоци).Опасни се поради способноста да регрутираат групи на деца од 5 години и да повторно и повторно да вршат регенерација на нивните радикални сфаќања, методи и дејствувања....за жал ова и биотероризмот се најопасните загрозувачи на човековото постоење....и глупоста ама за тоа некој друг пат !
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
Тешко е да се најде квалитативна разлика меѓу религиите и најголемиот дел од нивните припадници,но тоа и не е важно.
Темава повеќе е во однос на медиумскиот правец кој постои последниве години и општото мнение кај луѓето кое (needles to say) се движи во ист правец а тоа е дека постои исламски заговор за уништување на западниот начин на живот и започнување на Џихад, света војна против неверниците (сите оние кои не се муслимани, плус оние кои се муслимани но не се сунити) .

Друг медиумски правец оди кон старата добра генерализација, `сите се исти` и повторно, мнозинството население го дели тој став.

Дали постои реална закана или сите инциденти може да се окарактеризираат како перење мозок?
Нема сомнеж дека кралското семејство Ал-Сауд и нивната приватна хациенда наречена Саудиска Арабија се големи финансиери на најразлични фундаменталистички организации (вехабисти, муџахедини) и терористички групи. Покрај тоа, на големо финансираат отварање исламски центри, каков што има во Скопје.

Но она што ме наведе на сомнеж се некои инциденти кои осамнаа на главните вести или насловните страни.
Пред некое време имаше убиство на британски војник во Лондон кое осамна на насловни страници и во ударни вести. Имавме индивидуализација на жртвата, со име и презиме, што бил и кој бил, колку тажни биле родителите, која му била омилена боја...
Потоа имаше и некаков инцидент во Париз, без смртни последици.
Спротивно од тоа, илјадниците (милиони?) мртви во Ирак, Афганистан, Либија и Сирија се безимени, неперсонални случаи и во вид на статистика се наоѓаат во внатрешните страни на весниците или на сајд-бар на вести. Тие немаат родители кои тажат, немаат кариера, немаат омилена боја. Бројка.

Според мене е малку смешно да се зборува за постоење на закана од Џихад ако се знае колку муслимани убија западните сили последниве 12 години, во колку земји има марионетски режими на САД, во колку земји контролата врз ресурсите е во западни раце.
А Саудиска Арабија иако главен финансиер и организатор на фундаменталистите - не само што не е под ембарга, санкции,блокади,закани......туку е омилен клиент на западот. Something`s not right here...


Исламот е закана исто колку христијанството или било која религија. Од една страна ја имаш Саудиска Арабија од друга американското општество каде што има огромни финансиски средства со предзнак донации за црквите и храмовите..
Ако сакаш да се бориш против таквите закани, треба да се бориш против сите истовремено.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Исламот е закана исто колку христијанството или било која религија. Од една страна ја имаш Саудиска Арабија од друга американското општество каде што има огромни финансиски средства со предзнак донации за црквите и храмовите..
Ако сакаш да се бориш против таквите закани, треба да се бориш против сите истовремено.


Тое е точно, манифестирањето на било каков начин на една религија е зависно од некоја конкурентна. Лишена од непријател, световната функција на организираната религија е на стаклени нозе. Она према кое припадниците на христијанските конфесии се сметаат за понапредни од припадниците на исламските конфесии е секуларноста, продукт на низа фактори во последниве 200 години. Ниеден од тие фактори не е религиски или теолошки.

Темата повеќе беше во правец на медиумската офанзива каде ако муслиман го погледне накриво некого во Малме или Берн стигнува на насловни страни.
Дали т.н. `закана` од Џихад е новата масовна параноја, замена за `комунизмот` кој служеше за таква намена (иако не целосно без причина) педесетина години?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Твојот ник ми звучи муслимански,без навреда.
мене ме направија муслиман на кајгана зашто бев потпишан Ali G.
Јас малку друкчие би го преформулирал твоето мислење.
Не сите верници се подложни кон правење на злодела.
Тоа да. Но имаш некои длабоко зацапани во религиине и некој може да ги користи за некаква потреба. Речиси исто ко партиските војници. Мене политичка партија и религија ми е исто.
Jackal би додал на моето погорно мислење дека религијата ги ограничува да ги надминат разликите, ама осеќам ќе го јадам на собиранки после тоа :zelen
Ако се најдиме на пивофестот ќе си поминиш само со пиво :)
Сите вие што го обвинувате Христијанството за убиства грешите многу. Тие што убивале не убивале во името на Господа затоа што Господ ги сака сите свои чеда подеднакво, а вистинските негови поданици никогаш не би направиле смртен грев без покајание. Потсетете се само на Авраамовото воинство и како тој се вратил и ја освоил ветената земја и ќе видете колку е моќна Божјата волја. Ако Бог сака нешто, тој не ги праќа своите поданици да убиваат.
Крстоносците што правеле? Го ослободувале светиот град од неверниците. Како? Сигурно не пошле во Ерусалим и не напишале "Ерусалим е слободен христијански град".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Saladin

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Ај што не знаеш да размислуваш „надвор“ од кутијата, ти не ни знаеш каде е кутијата.Глупо сељачко размислување, т.н плитко.

Рече, глупо, сељачко, плитко размислуваље се обидуваш да ме навредиш или шо е работата.
Ама ако ти беше тоа целта жалам не ти успеа, затоа што моето мислење не е ни малку блиску од тоа шо го наведи ти и јас колку сакам и каде сакам ќе го изјаснам моето мислење, ама не само мое мислење тоа е и факт, вистина е.
И потруди се ти твоето " не сељалко и мн културно" мислење да го изјасниш каде што му е местото, а не моето да го цитираш.