Признавам, љубоморна сум само во врска, и тоа ако ми се даде причина т.е. моево се граничи со љубомора и фактот што не сакам да ме прават будала за некои работи, па тука правам испади. Ама на секој по заслуга.

За други работи, другарки, или недај Боже познаници, награда да имаше за fucks given, ќе ја добиев одма.
Тоа е оти од мала ме научиле да ценам други работи, па некогаш дури и кога некој/а се фали со материјална ситуација и други околу љубоморат, мене ме фаќа серка оти не сфаќа дека душата му/и’ е шуплива штом тоа е најголемото достигнување со кое може да се пофали. Така да, навистина не сакам да си ја трујам душата со љубоморење на туѓа среќа, зошто можеби јас имам сосема други дефиниции за среќа.
И да, не е злато се’ што сјае. Не се лажете дека треба да љубоморите на некој што навидум има се’. Може му е тоа само добра маска да се заштити себе. Кажувам од лично искуство. Сум изгубила неколку души поради таа љубомора, а само јас си ги знам ситуациите онакви какви што се.