Денес ми е подобро,па јас ништо и никому не му згрешив,па нема за што да ми е тешко,никого не повредив,бев добра и полна со разбирање секогаш,нема за што да ми е тешко,совеста ми е чиста.Ми се јави денес да се видиме,да сме разговарале,полагам во петок и кажав дека не можам,дека испитот ми е последен и тоа ми е преокупација,се договоривме за во петок,сега се мислам дали да одам да се видам,дали вреди уште еднаш да ги слушнам изговорите негови и повторно да си нанесам болка на душата.не знам што фајде има од уште еден разговор?а што би ми кажал кога веќе се е кажано?и како да се понашам кога ке го видам?дали да глумам дека ми е сеедно?или да си кажам дека ме повреди?MILANKA Никогаш ама баш никогаш нема да дознаеш што конкретно чувствува другата страна за тебе. Тоа е комлетно друг свет. Откај знаеш кои очекувања ги има тој? Кои желби? Затоа ти викам седни на здрав муабет со него. Предтоа припреми се како емоционално така и разумно. Мораш чувствата да ги сведеш на еден минимум додека траат преговорите. Тоа се вика труд, за да подоцна бидеш на чисто, што понатаму. А мораш да разграничиш. Некој погоре спомна - тоа ти е као еден вид на откажување на цигари. Откако ќе знаеш што како, ќе мора да пресечеш. Или Реал или Барса како што вика Џамбазов. Ако се провлекува сево ова низ иглени уши а притоа си несреќна покрај него, тогаш не знам што како понатака. Искрено од искуство ти викам дека тоа е најболниот, најнесреќниот начин ти да бидеш во некоја рамнотежа. Всушност тоа и не е рамнотежа. Тешење во најмала рака. А што ќе ти е цел живот да го пројдеш во тешење, кога можеш навистина многу повеќе. Само тоа повеќе си бара жртва. Ама она потоа што следи е далеку повредно од само неколку минути утеха со дадениот дечко.