Koга тоа го видов посакав да бидам слеп, посакав да пропаднам в земја да ме нема, да си го откорнам срцето и да не знам повеќе за лјубов и да си го уништам мозокот да не ја знам повеќе како личност !!!!!!
Јас неа ја познавам повеќе од 5 години. Таа знаеше дека ја сакам и цело време имаше друг, кога да и речев да биди со мене дидеќе ја сакав од се срце за неа се правев, бев за неа секогаш присутен и ред др работи не сакам да ги набројувам од срце беа. На почетокот не и реков в лице туку и дадов плико а во него имаше прозен текст во кој на крајот пишуваше дека ја сакам и дека сакам да бидам покрај нејзе ! но ништо од тоа, ми рече дека ме сакала кога сум одел со нејзина другарка ! Од кога ми го кажа тоа јас ништо не и реков од тогаш, помина една година и јас пак се заинтересирав ама таа си имаше друг и јас не инсистирав да сум со неа (не сакам да расипувам ниедна врска ниту пак да се мешам) се отргав некако но пак срцето ми бесе кај неа се скараа и со него потоа јас настапив и една вечер несвесно прво ми рече дека не можи да е со мене а потоа ми пиша на моб дека сака да ме бакни (и јас како слепец прифатив). Тоа беше најувавата вечер во мојот живот, замислете ја бацував девојката што неизмерно ја сакав и ја чекав 2 години патем кратко. Другата ден ми рече дека се кае што ме бацувала а јас и реков дека se извинувам длабоко сто ја повредив и што го направив тоа (а срцето ми плачеше за уште еден бакнеж,а лутината со својата жешка маша ги бришеше тие искрени солзи) и после тоа помина извесно време и кога разбрав си помислив самиот во себе: Ах господе дали јас заслужувам вака да ме казнува, дали јас ја повредив, што направив за таа вака да ми враќа, едноставно и понудив искрена љубов. И сеа не знам што да направам !!!!
ПРичина од неа? ох, се лажеш. Треба да знае да чита. А очигледно, типот е заслепен. Ама тоа е. Никој не е имун. А во овие ситуации разумот е најпотребен. Само кај ли тоа го беше загубил... Ах да, коа ја видел неа.Да ја прашаш зошто не може да биде со тебе?
Најди ја причината, ќе го најдеш и решението.
ПРичина од неа? ох, се лажеш. Треба да знае да чита. А очигледно, типот е заслепен. Ама тоа е. Никој не е имун. А во овие ситуации разумот е најпотребен. Само кај ли тоа го беше загубил... Ах да, коа ја видел неа.
Дали имале они нешто поозбилно од некои погледи, бацувања за една вечер? Не. Затоа и мислам дека нема потреба. А као што прочитав погоре пишува дека он сепак бил затрескан во неа на почетокот. А врска не се почнува као „од денес јас и ти сме у врска“ или муабети - а зашто така шеташ лево десно, ме избегнуваш, си играш курташак со моите чувства. Бидејќи меѓу нив освен платонска љубов не глеам ништо друго. имале еден два дена заеднички. И не им успеало. Она се жалела со 100 оправдувања, он се повратил со 100 извинувања. Нема што понатака.Па како што прочитав во неговиот прв пост, таа го сакала него, ама тој бил со другарка и. Сега тој ја сака неа, ама таа е со другар му.
Не е така наивна работава, или му се инаети, бидејќи таа го гледала, а тој неа не - или едноставно, не е повеќе заинтересирана.
Ако е првото, ќе треба да се смират страстите, па да се види што понатаму - ако е второто, да се најде начин за ,,веднаш понатаму,,.
И секако, многу е важно дали имаат 16, или 26 години.
Дали имале они нешто поозбилно од некои погледи, бацувања за една вечер? Не. Затоа и мислам дека нема потреба. А као што прочитав погоре пишува дека он сепак бил затрескан во неа на почетокот. А врска не се почнува као „од денес јас и ти сме у врска“ или муабети - а зашто така шеташ лево десно, ме избегнуваш, си играш курташак со моите чувства. Бидејќи меѓу нив освен платонска љубов не глеам ништо друго. имале еден два дена заеднички. И не им успеало. Она се жалела со 100 оправдувања, он се повратил со 100 извинувања. Нема што понатака.
Со твојот другар е за твој инат и оти тебе те сака,верувај ми.Грешка и е што е осветолјубива и баш со тој што не треба....Не тагувај љубовта повторно ќе дојде кога најмалку ќе очекуваш:caoЗнам само еден совет да дадам на други а и на себе "Aко некоја те сака ќе најде начин да ти дојде и да е со тебе,ако не те сака ќе најде оправдание да не е со тебе"
Тоа е многу сурово
Што ако таа другарка и сеуште го сака? Нели тука се јавува грижа на совест? Па она bros before hoes само обратно?
Не знаеме детали за ситуацијата, тешко е така да се процени што всушност се случува.
Мислам, been there, done that. Затоа, тешко ми е да верувам на нечии зборови (сум кажала работи кои не сум ги мислела, ради x причини), па и тие 2 дена заеднички, кои биле целуфки(..) само, ме тера да помислам дека се 16 годишни.
Има многу фактори зошто нешто се случува, преку еден пост (недетален) тешко можеме да заклучиме