Љубовна поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Тежок сум во твоите кревки коски,
јас те немам и те имам во мислата која му ја раскажувам на ветрот кој не сака да слуша,
тежок сум во облаците неизврнати врз твоите коси,
ах тие твои прамени напластени во кротката љубов која ја негувам длабоко во душава скршена,
тежок сум и лесен во беседата која истекува од браздите на нашите чела натопена со мовот на северот,
златен под окото на сонцето,
во кое немам име, а имаш сон,
се нарекувам поет во овој себичен свет кој не личи ниту на дарба во својата одродена дарма,
те нарекувам стих,
близок на срцево кое не познава ниту светлост,
ниту мрак,
нежен сум кога ти ќе ме наречеш утеха на парче хартија со твоите усни и ќе ме запишеш со моите зборови груби,
таму во окото над галебот сив кој едри врз езерото кое ти е тебе толку блиску,
а мене толку далечно,
во длабочините негови,
си самата ти,
и самиот, самиот јас,
двајцата до бескрај,
во ноќта која така лесно се растопува низ прстите наши,
недопрени,
како вел,
кој никогаш не се заборава,
никогаш,
и да ме стрелаш во него.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Неколку зборови,
твојата убавина, твоето име, звукот на реката, духот на шумата,
тоа е она што очите го велат,
но, тие никогаш не прашуваат.
Не, тоа не е тоа. Јас не гледам
од другата страна на небото,
јас не размислувам за мирни, моќни очи,
кои се смируваат на жестоките води кои тука рикаат.
Неколку зборови,
додека некој молчеше,
оние на ветрот во лисјата, додека те бакнав,
на нељубезно рамо,
на рамнодушност за истите бакнежи...
Бевте толку нежни, ти беше таму,
бевте толку нежни, како ветрот во лисјата,
како еден куп рози врз фиксирани усни,
како одмазднички зраци на сонцето врз проклето сивото небо пред бура.
Колку те сакав во сенките!
Меѓу гранките на мрачните борови
ја влеа својата невидлива топлина,
моите чекори се лизнаа
како неми зборови на љубовен тревник
врз кој лежи мојата наивна крв,
родена да биде само искра светлина,
да изгори на љубовта
и да остане ништожност без сеќавање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Зошто незасито ме прогонуваш крви,
се преливаш во синилото на сите незакрпени сништа,
зошто везден ми поставуваш едно исто прашање и го мачиш погледов во длабочината на ноќта тиркизна,
телово те моли за починка наша,
коскиве за едно поинакво утро,
душава одамна ми ја однесе со виорот на најдалечното,
корнејќи ја блискоста од себе,
далеку од ова парче земја врз која газам бос со непознати чекори и оставам отпечатоци празни.
Зошто во изгорената базилика на срцево ги будиш сите демони заспани,
смири ги крви,
успокој ги,
јас и онака веќе немам зборови да ги наситам со скинати џебови од кои ми испаѓаат покани кои ѕвонат со истурениот отсјај на месечината врз надгробните плочи,
сведоци на нашето постоење.
Имам само една кротка булка крви,
срасната во очиве диви,
чии корени ги сокривам во тебе,
која не смееш да ја допреш,
поради која понекогаш нежно течеш во мене,
поради која имаш боја како што имам име што го изговара со љубов,
да крви,
љубов и црвена ти,
зрело оплодени со пролетта од нејзините усни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Да напишам,
ај не,
да запишам,
исто е,
повлекувам дим да го издишам и во него рози ракописни се разлетале,
а реков не,
сум ти кажал дека си убава и сакам да те бакнам дур спиеш,
во сонот прамените нежно да ти ги допрам,
повторно истото прашање и одговор,
да напишам,
ај не,
да запишам,
мириса доцната пролет на тебе,
насекаде во мене,
да напишам,
волшебно е,
да запишам,
здивот ми се одзима,
сега и овде,
во градиве.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Vechnost edna e
Spomeni malku,
Pogledi skrishum
A sonista mnogu.
Ajde da ti gi raskazam sonistata
kako bajki pred spienje za 1001 nok.
Ajde da mi prodres vo zenicite
da pomines niz patistata na vozdishkite
ke se razneznis
ke se rastopis vo nasmevkata.
Vecnosta ima samo edno ime,
so tvoeto ja povikuvam.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and violetmoon

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Кој рече дека ова тело,
извајано од рани, покадено со темнина,
не може да сјае
под среќна ѕвезда?
Ах, мојата ѕвезда, падна!
Овде, во тревата,
да биде тело, конечно,
да биде светло тело на крајот.
Кој рече дека оваа ѕвезда,
никогаш љубена, никогаш запишана,
нема душа
да дарува, да оживее?
Ах, мојата ѕвезда, падна!
Имам на крајот,
срушена ѕвезда,
која дава крв и сјај,
за мојата љубов,
смирена, опиплива,
тука на земјата чека,
со душа, да оживее уште илјада животи.
Еј, ѕвездо, една жена те сака!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Нешто радосно да беше,
а не овенат цвет заплеткан во мојот сон,
прегрната со рацеве модри и прости што имаат само прсти и измеѓу сончевина златна,
што ти ја допираат душата и сенката твоја,
со дамари многу,
раскинати во овој доцен час што ќе ја пречека полноќта,
да те бакне пак,
со мирисот на книгата што се затвора,
во последната мисла запишана врз ѕидовите на крвта,
раскажана во ѕвонливата солза на месечината,
која талка со последниот здив на небото,
нежно искроено со сино и темно,
длабоко во срцево.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Црни ти се зборовите,
црни ти се мислите,
црна ти е надежда,
само лутината моја бела е.
И така...
Ќе ми одлута ноќта во бела зора,
соновите ќе се расплетат ко плетенки,
ќе ми дојде љубовта ко непоканет гостин,
а јас ко дежурна будала.
А ти...
Ти постоиш, еден...
Да бидеш стара и нова љубов,
да бидеш остар нож кој со збор убива,
и ветар благ кој со допир лекува,
да бидеш ангел и демон,
само ако ти се посака,
крила што дава и ги крши.
Коренот ти е и крв и круна,
бурата постела,
а јас каква сум,
без корен, без гранки, без круна,
потпрена на тебе,
можеш да ме обликуваш од мојата пепел,
можеш да ме фатиш за праменот на заборавот,
и ангелите со мојата кожа ќе ги преслечам,
и во крвта моја ќе ги искапам.
Ти постоиш, еден...
Во сржта на мојата осаменост,
во две очи,
да го видиш светот кој создаваш,
во две раце,
да го прегрнеш,
во еден сон,
да живееш, еден ти...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ме смени,
премногу,
дури не се ни препознавам, можеби си недостигам,
но ти ме направи несигурен,
ископувајќи ја суровоста моја длабоко од црната земја за да ме однесеш до таму,
каде што ми се најшироки рацете,
пред лицето на сонцето,
каде ми запира здивот, продолжувајќи во твоите гради, да дише со водопадите на доблеста искована железно,
без лаги и извртени вистини,
без лавиринти во нив,
после кои стиховите немаат вредност и сѐ е обично и изгледа
ко сказна во која зборовите имаат душа,
потпишана акварелно врз клупата на која седев некогаш,
со растопени мечти длабоко во очите на ноќта.
Толку од мене,
збогум,
од другите нека биде повеќе,
оставам три точки...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Горчлива сенка
или слика на светлината?
Кој си ти, кажи ми?
Отвори очи, дај ми, дај ми живот.
Тапо сечило притиснато врз мојата судбина,
изгледам ли слатко во твоите очи,
среќно езеро без облаци во градите,
продолжена копија на сончев ореол?
Отвори очи, дај ми, дај ми живот.
Пиј од неговата пламена судбина,
гладта на твоите вени ме растргнува,
пиј од твојот стопен оган
кој пулсира во моите вени.
Кој си ти? Те сакав, те сакам.
Отвори очи, дај ми, дај ми живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar