Љубовна поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Немоќен и чуден,
ми недостигаш,
во времето залутано ме простираш,
те љубам јас,
можеби малку,
но толку многу искрено,
тоа е сѐ што имаш,
тоа е сѐ што немам,
нејако, но некако.
Живи ќе се сретнеме пак,
ти и јас,
смртни во следниот заборав,
запишани на небото,
заталкани во ноќта,
прекрасна ти,
и неубав јас.
Ги затворам очиве да не избледееме во утрото,
кое ги буди нашите срца сонливи,
да остават траг во есенскиот снег,
за да го бакнам чекорот твој,
кој ме води до тебе,
да те пронајдам,
и ваков сенилен,
и таков никаков,
да те удостојам,
со почит од немирни дождови истечени врз улиците огледални,
во кои се видов себе си,
со здивот кој ми треба,
а толку проклето зема,
сѐ од мене,
но толку многу од тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Растргната на строфи,
стихови, зборови, букви,
сеуште се пишувам,
а срцето стиснато,
ладно како камен.
За тебе се пишувам,
да те понесам,
да те насмеам,
да ме запомниш,
како песна.
Ме знаеш напамет,
секоја точка,
секоја запирка,
а пак ме читаш,
па се чудиш,
кога своите зборови ќе ги препознаеш во моите.
Еве и јас се чудам,
кога ќе налетам на три точки,
па ќе си речам,
сигурно сум згрешила,
и се пишувам одново,
ја пречитувам секоја строфа,
секој стих, секој збор,
но залудно,
кога сум виновна, а не сум.
И се пишувам повторно,
за кога ќе сакаш пак да ме прочиташ,
и ќе мине време,
ќе кажеш " Што има?",
велам " Ништо еве...Те сакам",
а душава се превртува, да не ти досадам,
па ќе премолчиш,
као веќе слушнато,
а како и не би, кога постојано те сакам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ги впивам твоите стихови преку очиве,
збор до збор,
поврзани сребрено со твоите нежни прсти,
длабоко во душава месечна,
божество си.
И не, не ми е потребна светица,
ниту насликана фреска,
таму нема ништо свето,
тоа што е дарувано од тебе,
за мене е раскошот на убавината во моето битие,
сила ѝ е,
ниту распната,
ниту од бога изнудена,
знам јас,
а знаеш и ти,
од пепелта никнуваат најубавите стебла на животот,
ние двајцата од многуте,
само се препознавме во нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ја изигра првата мисла утрово,
низ сонливите трепки ѝ избега,
изиграј ја и ноќта сега,
заспиј без да помислиш,
изиграј го и сонот,
мирно спиј, не сонувај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ех да можам,
со последнава голтка што ме гори,
сета горчина од тебе да ја соберам,
па да осетиш сласт што е,
да те заскокотка,
ех да можам,
со очиве сонцето да ти го донесам,
главата нагоре да ти ја кренам,
па да осетиш топлина во градите,
цело тело да ти затрепери,
да те разбуди,
ех да можам,
со нокти би ја растргала
сета темнина што ти се збрала околу душата,
па да ти засјаат очите,
еден збор цел свет да ти стане,
па да осетиш убавина што е,
ех да ми е да поверуваш,
човек си,
да осетиш.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Кога ќе ти зафалат зборови за некој,
е тогаш помисли колку тој некој ти недостига,
и ги пиел твоите зборови,
кога ќе ти зафали време,
е тогаш помисли колку времето му значело на тој некој,
и грабал од твоето,
кога ќе ти зафали љубов,
е тогаш помисли колку тој некој трпел,
и се хранел со твојата љубов,
кога ќе те здоболи телото од недостигање,
е тогаш помисли со што се помирувал тој некој,
и крадел трошки од тебе.
А што кога ќе ти зафали тој штетник?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Те љубев јас како никогаш.
Ти беше светлина блага,
што доаѓа пред да заврши ноќта,
беше малечка капка која трепереше на образите
и се пиеше на усните,
ти што спиеш
и не ја забележуваш месечината нагризена,
кога тивко се оддалечува без да те допре,
не допирај ја тишината,
низ крвта од раната што блика,
нема да те досегне,
колку и градите отворени да ја исфрлаат болката по сината ноќ,
тоа истекување само мене блиско,
блесок на сонце што во рацете ми свети,
зошто ни воздухов не е мој,
туку само топло дишење,
од бакнежот твој останато,
како боцкалка,
како светлина на мечот на градиве притиснат,
и се плашам да напишам,
колку уште те љубам,
колку сакам да те видам,
се плашам ќе запре срцево,
зошто сакам да живеам во оган,
сакам да љубам или да умрам,
а ако има Бог, ќе бидеш последното што ќе го видам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Само понекогаш,
ја земам четката поигрувајќи се
со боите пастелни над хоризонтот,
сеуште со очи затворени,
чекајќи сонот да ја доплете својата пајажина,
ја чувствувам испреплетена врз себе,
тебе до мене,
немо гледајќи се си подаваме раце,
жедни да лутаме низ светот,
како две ластовици барајќи го своето место под сонцето,
и ги видовме сите земски убавини,
издигнувајќи се над сето човечко во нас,
достигнавме нирвана,
душа во душа се претопи,
тело, ум и дух во едно,
целина од два универзума,
што извира од модри кладенци,
доволна за еден живот,
и повеќе од тоа,
разбудена во бајка најубава,
полека отварајќи ги очите,
заслепена од блесокот пред мене
погледнав над хоризонтот,
и видов
два волка,
два самотника,
под две месечини заспиени,
со сонца во градите сплотени,
за навек проколнати.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Замаглено стакло,
подобро и од платно,
речиси и да не го допирам,
дур прстиве го шараат твоето име,
Љубов..
Ја проколнувам секоја капка што се слева низ него,
како само умеам да го обвинам дождот, што не можам да те прегрнам,
нежно како благ поветерец,
да ти пројдам низ трепките,
па да ги затвориш очите,
да не пуштам,
сѐ до липање кревко,
ќе кажеш,
ајде, луѓето гледаат,
а јас ќе те стегнам малку посилно,
па ќе се насмеам,
онака, колку да не заплачам,
спремна босонога да заминам,
од каде што одамна не припаѓам,
да се искрадам,
студот под босите стапала,
да ми биде најтоплото,
најмилото,
што ме носи до домот на душата,
до последната молитва,
до последниот здив со кој ќе те благословам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ако ме сретнеш некаде по градовите туѓи,
во кои лутам во последно време,
сретни ме како да ме среќаваш прв пат,
нели се имаме видено некаде кажи ми и заборави,
заборави дека некогаш со срцата еден за друг пишувавме љубовни стихови и посебно заборави го денот кога прв пат те бакнав пред дождот,
знам дека не е лесно,
можеби и боли,
сакам да ти кажам,
пробај,
не сме веќе деца,
ако ме сретенеш некогаш сретни ме зрело и одмини ме,
не вели ништо,
само заборави.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*