Јога

Ananas

Истакнат Член
14 јануари 2019
75
33
328
31
Ако сметаме цел живот, тоа значи луѓе над 75 години... тие немаат потреба од „истргање“ и „еластичност“. Ти сега имаш од „смирување на мислата“ и „заборавање на телото“ со присилување да мислиш на секоја пора од своето тело, на секој зглоб, секој здив, секој милиметар - за да го оптовариш умот :)

Кај овие луѓе целото „гасење“ на свесноста за телото и околината е толку природна ствар што „секоја нивна положба е асана“.

А и секако јогата не значи да си еластичен и да си гимнастичар! Да беше така индијците ќе беа постојано први во гимнастика!

Има 4 форми на јога ниту една не оди сама по себе, туку сите се испреплетени ... и мора да се практикуваат „за жал на почетниците“ - одеднаш, иако се знае и може малку.
Фрустрацијата е првата пречка :)
Може да се почне со помош на книги и јутуб?
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Може да се почне со помош на книги и јутуб?

Со книги... било која книга за јога.

На youtube ќе најдеш премногу „гимнастичари“ (ако се млади луѓе) или некој гуру кој што зборува лош англиски, а ти ако имаш мало познавање за она што ќе се збори, нема многу да имаш полезност...
И не е јогата за смирување на стресови, тоа е лага на оние од „западот“ кои глумат лудило на просветленост, рамнејќи ја јогата само со психологија!
Не може западот да ја избегне потребата од психијатар со вежбање јога - премногу лудо живеат! :)

Претежно сите почнуваат со читање за раџа-јога, најлесно е „философски“ да се разбере дури и на почеток самиот систем ... запознај се со термините, со философијата - за да знаеш на што си.
Моја омилена е Раја-јога од Вивекананда. Ете линк до книгата, public domain е така да не е проблем да се споделува :)
Го имаш и Патанџали како авторитет... ќе најдеш многу други.
И Бхагават Гита (книга, ја има на македонски јазик по книжари) е ок за да се размислува за бхакти јога или на наш јазик простачки кажано „обожување“, „љубов“, „посветеност“ итн итн...
Со јогата ако не ја користи човек само за растргање ќе сфати колку говорот е ограничен, па и умот со малкуте слики што ги има или не може да се пренесат на друг!

Ја имам и „Осум лекции за Јога“ од Кроули, но тој премногу тешко објаснува за сета таа работа, треба да му го знаеш симболизмот за да го разбереш (со секој е така што пишува на овие теми) ... тоа може за во иднина да оставиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ananas