Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Ако сметаме цел живот, тоа значи луѓе над 75 години... тие немаат потреба од „истргање“ и „еластичност“. Ти сега имаш од „смирување на мислата“ и „заборавање на телото“ со присилување да мислиш на секоја пора од своето тело, на секој зглоб, секој здив, секој милиметар - за да го оптовариш умот
Кај овие луѓе целото „гасење“ на свесноста за телото и околината е толку природна ствар што „секоја нивна положба е асана“.
А и секако јогата не значи да си еластичен и да си гимнастичар! Да беше така индијците ќе беа постојано први во гимнастика!
Има 4 форми на јога ниту една не оди сама по себе, туку сите се испреплетени ... и мора да се практикуваат „за жал на почетниците“ - одеднаш, иако се знае и може малку.
Фрустрацијата е првата пречка
На youtube ќе најдеш премногу „гимнастичари“ (ако се млади луѓе) или некој гуру кој што зборува лош англиски, а ти ако имаш мало познавање за она што ќе се збори, нема многу да имаш полезност...
И не е јогата за смирување на стресови, тоа е лага на оние од „западот“ кои глумат лудило на просветленост, рамнејќи ја јогата само со психологија!
Не може западот да ја избегне потребата од психијатар со вежбање јога - премногу лудо живеат!
Претежно сите почнуваат со читање за раџа-јога, најлесно е „философски“ да се разбере дури и на почеток самиот систем ... запознај се со термините, со философијата - за да знаеш на што си.
Моја омилена е Раја-јога од Вивекананда. Етелинк до книгата, public domain е така да не е проблем да се споделува
Го имаш и Патанџали како авторитет... ќе најдеш многу други.
И Бхагават Гита (книга, ја има на македонски јазик по книжари) е ок за да се размислува за бхакти јога или на наш јазик простачки кажано „обожување“, „љубов“, „посветеност“ итн итн...
Со јогата ако не ја користи човек само за растргање ќе сфати колку говорот е ограничен, па и умот со малкуте слики што ги има или не може да се пренесат на друг!
Ја имам и „Осум лекции за Јога“ од Кроули, но тој премногу тешко објаснува за сета таа работа, треба да му го знаеш симболизмот за да го разбереш (со секој е така што пишува на овие теми) ... тоа може за во иднина да оставиш.