Јавни запросувања

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Овој муабет е се плашам дека нема да ми кажеш да, па ај ќе те запросам јавно :D :giggle
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Овој муабет е се плашам дека нема да ми кажеш да, па ај ќе те запросам јавно :D :giggle
Абе не само тоа, туку ај објасни ми ја целата поента на запросувањето и бракот? Што демек после запросувањето ќе бидат на „ниво“ погоре со врската? Јас сметам дека многу подобро ќе им биде на сите без запросувања, туку едноставно да си кажат „Ај да видиме до каде можеме заедно“. Не им требаат ни бракови, ни запросувања, ни матичари, ни свадби ни ништо.
 
She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Абе не само тоа, туку ај објасни ми ја целата поента на запросувањето и бракот? Што демек после запросувањето ќе бидат на „ниво“ погоре со врската? Јас сметам дека многу подобро ќе им биде на сите без запросувања, туку едноставно да си кажат „Ај да видиме до каде можеме заедно“. Не им требаат ни бракови, ни запросувања, ни матичари, ни свадби ни ништо.

Апсолутно. Само што темава е за јавните запросувања, а не за бракот и неговата суштина воопшто. Тоа во друга тема. :)

Имено јас да си се изјаснам, не би сакала да ме запросат јавно. Премногу ми е, плус некако е клише и патетично, веќе и исфорсирано. :eekops: Некако тренд стана. Прво сител, па тоа на плиштад, па Сашко, кој е следен?
Сакам интимно запросување, зашто тој чин е стварно интимен, да сме сами, онака некако спонтано да ме праша, да го извади прстенот и после да падне добар секс. :giggle А не цела македонија да ме гледа на јутуб ида го ставаат клипот на фејсбук со коментари уау колку романтично. Ама тоа за мене лично.

Меѓутоа, нивен избор, како си сакаат луѓето така. Само да се среќни и да им е убаво. Јас им посакувам се‘ најдобро. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and Luckky

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
абе ако си ја запросувам ќе си ја запросам насамо.........
после ќе дознае комшилукот и сите душмани. Како што си е редот
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: end.

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас знам дека сигурно нема никогаш никоја да запросам и нема да има никакви свадби и смешни гозби на кои 80% од МОИИТЕ гости не ги познавам и никогаш у животот не сум ги видел. Презирам секаква форма на општество, презирам секакви закони, но не би можел сам против светот па би морал само кај матичар да одам и да викнам сведоци (зашто инаку без сведоци не може тоа да се направи, од кај знаат тие дека навистина се сакаат младоженците). Ама запросување, јок. Кич е.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153

Зарем ќе ја лишиш саканата од едно убаво сеќавање?
Не зборам за јавно запросување, ами за еден симпатичен, интимен момент.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Ова за мене е уште едно глупаво клише увезено од запад последниве години. Проста логика: дали фактот дека ја сакам и сакам да го поминам животот со неа ќе биде нешто поразличен ако ја запросам јавно? Покажувам дека иам муда да направам нешто такво во јавност? Дека сум романтичен? Дека ја сакам? На крај краева, тоа не треба неа да и го покажам? Сепак она е таа што е сакана, што буди нешто креативно и романтично во мене. Тоа си е наша интима и нема што да ја споделувам со сите. Нешто посебно изненадување, романтки ок, ама само меѓу нас, тоа е наш момент што би сакал да си го споделиме само ние двајца...
Е сеа друга работа е дали кога ќе има соодветна девојка за запросување би се согласила со ова :playfull
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Зарем ќе ја лишиш саканата од едно убаво сеќавање?
Не зборам за јавно запросување, ами за еден симпатичен, интимен момент.
Можеби мојата сакана го презира запросувањето исто како и јас, и го гледа апсурдот во бракот исто како и јас. Знам, чуден сум не мора да си го велиш тоа во себе. Мојата сакана и јас имаме малку подруг вкус за романтично и симпатично. И двајцата обожуваме морбидност, мрачност и несекојдневност. Затоа со радост би ја лишал од тавко „сеќавање“.