Абе не само тоа, туку ај објасни ми ја целата поента на запросувањето и бракот? Што демек после запросувањето ќе бидат на „ниво“ погоре со врската? Јас сметам дека многу подобро ќе им биде на сите без запросувања, туку едноставно да си кажат „Ај да видиме до каде можеме заедно“. Не им требаат ни бракови, ни запросувања, ни матичари, ни свадби ни ништо.
Апсолутно. Само што темава е за јавните запросувања, а не за бракот и неговата суштина воопшто. Тоа во друга тема.
Имено јас да си се изјаснам, не би сакала да ме запросат јавно. Премногу ми е, плус некако е клише и патетично, веќе и исфорсирано.
![Изненаден :eek :eek](/images/emoji/surprised_animated.png)
ops: Некако тренд стана. Прво сител, па тоа на плиштад, па Сашко, кој е следен?
Сакам интимно запросување, зашто тој чин е стварно интимен, да сме сами, онака некако спонтано да ме праша, да го извади прстенот и после да падне добар секс.
![Giggle :giggle :giggle](/images/emoji/giggle_animated.png)
А не цела македонија да ме гледа на јутуб ида го ставаат клипот на фејсбук со коментари уау колку романтично. Ама тоа за мене лично.
Меѓутоа, нивен избор, како си сакаат луѓето така. Само да се среќни и да им е убаво. Јас им посакувам се‘ најдобро.
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)