Јавни запросувања | Црнобело Форум

Јавни запросувања

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Некако интересни се јавните запросувања,но овие што ги имаше кај нас некако ко испланирани да беа баш сите.Тој што ја запроси на плоштад па дури и неговите ги викнал некако тоа не ми се допаѓа.Домашните си се за дома.
Има многу пороматични начини.:)
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,271
9,113
1,683
Замисли собираш публика камери ова она.....и ти мава корпа...и остануваш со прстот во уста
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,829
7,336
1,153
Big Sur
Беше интересно дури сите не се посраа. Сега е веќе клише и натпревар кој ќе испадне со поголем ташак.
Па то цурава ко ќе фати да рове со додаток на специјални (д)ефекти.
Америчко срање претопено во Балкански синдром.
Ај, битно среќно нека им е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and Хоуп*

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Во последно време сме сведоци на повеќе јавни запросувања. Ме интересира што мислите за ова? Дали ваквиот чин го сметате за нешто романтично или пак сметате дека тоа е чин кој треба да биде интимен, меѓу двајца заљубени и нема потреба да се споделува со јавноста.

Јас лично не сакам вакви јавни предлози за брак. Ми делуваат лажно, фалбаџиски, докажување пред другите итн. Да не бидам погрешно сфатена, сум за романтичен предлог за брак, ама тоа да биде интимно и утредента да не ги заобиколи сите социјални мрежи.

Па повелете :)
Некако премногу го извештачија ова.
Некако тоа ми е премногу интимна работа, и би требало да биде помеѓу нив двајца, а не и целиот свет.
И башка ова со социјалниве мрежи, па побогу мора ли се да се објавува на facebook или you tube.
Интимност и приватност, ете за тоа сум јас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and WomanInRed