Не ме занима за другите, ако им е интересно да се копираат и да си имаат спомени што ги има пола свет нека им е.
Ама дека се претера со тоа јавно запросување стварно се претера. Да помине една манифестација или концерт без запросување? Нема шанси. А и човек да го фати страв кога некој ќе се наведне да си врзи патика од тие запросувања насекаде, само да видел народ, да се пофалиме, да не знаат сите.
Кога сум кај тие јавни запросувања...
Ок е да парот имал заедничка песна, па да ја запроси на концертот на пејачот на таа песна, ама мора ли да ја качува на сцена? Зошто, што сака да каже авторот плус од тоа кога би ја запросил во публика, онака спонтано понесен од чувствата, од песната?
Не сакам работи само затоа што сите ги правеле и биле ин и фенси, па така не сакам и да бидам запросена пред камери, ни па воопшто пред луѓе. Нека е и бизарно запросување, само да е оригинално.