Човекот по природа е адаптабилен. Но откако ќе ја загуби душевната невиност, откако ќе почне да става маски, да менува вредности, се губи интерес за самиот продукт. Човекот ќе напраи се` за да го освои срцето а под се` мислам и на менување на самиот себе, со што доаѓа до моментот кога откако ќе успее да се прилагоди на финалното, сепак се губи и дел од желбата што предтоа човекот ја имал за истото.
Поентата ми е, подобро е да се биде свој на своето и да се најде соодветното отколку целосно да се жртвува и да се загуби во шумата наречена сериски број. Оригиналност и реалност без никакви алтер ега кои би ја разнишале врската веднаш штом се сфати нештото за многу лично. А врската е интима помеѓу двете личности. Душевна и физичка.
таа е негов сон
далечна желба
недостижна
тој ја посакува
во секој миг
мечтае за неа
за допир
секоја измината секунда, недостижноста ги подига чувствата погоре и погоре
недостигањето, посакувањето и очекувањето секогаш се патот, патувањето
до некаде
до нешто
возбудата е во патувањето
моментот кога сонот ќе стане јаве, знчи патувањето пристигнало до целта, до една цел, до една крајна точка
а на таа точка почнува (стои) раскрсница
да се прифати сонот претворен во јаве и да се прифатат поинакви емоции, реални, остварливи, опипливи
или да се продолжи трагајќи и коопнеејќи по следен недостижен сон
емоциите, чувствата, не стојат во место
колку се посилни, толку посилни сакаат да бидат
среќата, задоволството, исполнетоста се убави емоции на кои лесно се навикнуваме
и навикнувајќи се, почнуваме да не ги чувствуваме
болката, тагата, празнината се не толку убави емоции и на нив речиси не успеваме да се навикнеме
и тешко престануваме да ги чувствуваме
а човек е жив тогаш кога чувствува
ако не успева да почувствува среќа, тогаш ќе се држи за болката, зашто таа ќе му биде единствениот доказ дека е сеуште жив
дека живее, а не само постои
сонувачите, тие кои мечтаат, тие кои посакуваат, тие кои копнеат, се тие на кои чувствата, колку и да ги чувствуваат, никогаш не им се доволни
оние другите, реалистите, ги прифаќаат вистините на животот без да им се потчинат на чувствата
.....
тој, иако навидум несреќен, е исполнет додека е таа недостижна за него
зашто секој миг сѐ посилно копнее и посакува
да ја прифати, значи да прифати рамномерен интензитет на емоциите
тогаш, иако навидум среќен, би бил сосема празен
......
тоа е „проклетството“ на сонувачите