На моменти се запрашувам како е да ти е досадно...
Затоа што во мојов живот досадата не ме посетува. Или јас упорно одбивам да се дружам со неа. Хиперактивноста ме држи жива, прави да ми врие крвта. Од 7 часот сум излезена и дури сега стигам да го отворам лап топот и да се впуштам во виртуелен свет, да видам како народот размислува во нашава мала земја. Можеби и убаво правам што имам преголеми амбиции па трчам да ги исполнам сите. Затоа што би направила се само за ми успее тоа што сум го планирала, макар и не спиела.
А и сакам да го гледам светот низ призма на убави бои. Затоа што без таа призма би било се само сивило. А јас ја мразам сивата боја. Колоритот го прави светот.
Сакам колоритни луѓе. Насмеани. Полни со живот.