Сакам да кажам дека последните пет дена од распустот не ги замислував вака. Напорни.
Исполнети со учење за тестови и испрашувања затоа што сме изгубиле часови поради празниците, слободните денови, продолжени викенди, неучењето до крај на Септември поради жешкото време и сл.
Не дека сме специјални (јас, мојот клас/училиште, и тие што се во слична состојба) и сега треба последните тестови да ни се укинат и петки да ни стават, ама би било убаво неделава единствена задача да ми биде да дојдам во школо (и тоа не мора рано да станувам, втора смена) и да ги вратам учебниците.
Но, тоа е - шта би било кад би било. Овие 4 дена ќе бидат весели.